Во астрологија, хороскоп претставува карта или дијаграм кој ги покажува позициите на Сонцето, Месечината, планетите, астролошки аспекти, како и чувствителни агли во дадено време, како што е моментот на раѓање на личноста. Зборот хороскоп потекнува од Грчки зборови со значење „поглед на времето“(horoskopos, pl. horoskopoi, или „создавач(и) на времето“). Други општо употребени имиња за хороскоп во Англија се астролошка карта, астро-карта, божествена карта, небесна карта, ѕвездена карта, космограм, витасфера, радикална карта, радикс, тркало на судбината или само карта. Се користи како метод на предвидување врз основа на случувања претставени во одредено време и ги формира основите на хороскопски традиции познати како астрологија.

Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Во секојдневна употреба, хороскоп се однесува на астролошка интерпретација најчесто преку систем од сонце знак астрологија или врз основа на календар кој означува некој настан како што е во кинеска астрологија. Голем број весници и магазини содржат предвидливи колумни врз основа на небесни влијанија во однос на зодијакот според распоредот на сонцето на денот на раѓањето на личноста, идентификувајќи го личниот сончев знак или „ѕвезден знак“. Овој систем се разликува од хороскоп како традиционално вработено лице, бидејќи само хороскопската поставеност на сонцето се смета за интерпретација[1]. Додека оваа модерна употреба е најверојатно најпопуларна во кологијалниот лексикон, овој член ќе се фокусира на традиционалниот концепт.

Вовед уреди

Хороскопот служи како стилизирана карта на небото во споредба со специфична локација на одреден момент во дадено време. Во поголем број апликации перспективата е геоцентрична (еден исклучок е хелиоцентрична астрологија). Поставеноста на моменталните планети (вклучувајќи ги сонцето и месечината) е покажана на картата заедно со оние јасно пресметани фактори како месечеви јазли, врвови на куќа, вклучувајќи ги средината и подзнакот, хороскопските знаци, наместените ѕвезди и судбините. Ангуларни врски помеѓу самите планети и други точки наречени аспекти се типично одредени. Кои елементи се искористени или нагласени повеќе од другите зависи од обичаите.

Потекло на поимот уреди

Латинскиот збор horoscopus од грчки ὡρόσκοπος „потекло, хороскоп“,во буквален превод „набљудувач на часот [на раѓање]“, од ὥρα „време, час“ и σκόπος „набљудувач, чувар“. Во средновековните англиски текстови од 11 век, зборот се јавува во латинска форма и е англицизиран во horoscope во раниот модерен англиски. Именката хороскопски за „распоредување на хороскопи“ е во употреба од 17 век (ОАР). Во Грција ὡρόσκοπος со значење „подзнак“ и ὡροσκοπία „набљудување на влијанието“ е во употреба уште во времето на Птоломеј (Tetrabiblos 33, 75).

Концепт на западната астрологија уреди

Потеклото го претставува времето и местото на случувањето (на пример раѓање) кое се гледа и смета за центар на небесна сфера.

  • Небесната сфера претставува сфера на произволен полупречник на кој предметите се појавуваат во зависност од нивната далечина на потеклото.
  • Екваторска рамнина претставува рамнината на земјениот екватор предвиден за во вселена.
  • Еклиптичка рамнина се дефинира со орбитите на земјата и Сонцето. За практични цели, степен на екваторот и степен на замислената патека на Сонцето одржуваат постојана меѓусебно навалувањена околу 23.5 степени.
  • Хоризонтална рамнина е насочена спрема потеклото и во однос на тоа не е поврзан со земјата. Во сфера чиј полупречник е бесконечно голем, овој степен може да се смета за скоро еднаков со паралелниот степен со неговиот центар и центарот на земјата. Ова значително ја упростува геометријата на хороскопот но, не се зема предвид дека потеклото е во движење. Некои астролошки писатели според тоа ги земаат предвид ефектите на паралакса, но, повеќето ќе се согласат дека (настрана од таа на месечината) се релативно со помало значење[citation needed].

Агли

  • Во хороскопот постојат четири основни агли (и покрај тоа што врвовите на куќите често се сметаат за значајни агли од страна на астролозите). Подзнакот ја претставува источната точка каде има елиптично и хоризонтско вкрстување; Влијанието најчесто се смета за најважен и најперсонализиран агол (заедно со средина ) во хороскопот од страна на огромниот број астролози и поставеноста на неговиот владетел, наречен натален владетел кој се смета за значаен. Неговата спротивна западна точка е десцендент. Во одредувањето на хороскопот подзнакот е поставен од левата страна на наталната карта. За време на настаните на денот поради ротирањето на земјата, замислената оска на Сонцето ќе помине преку подзнакот и неговата положба ќе се помести за 1°. За ова се употребува терминот движечки знак, кој го претставува знакот на зодијакот кој се поместува од точката на замислената оска на Сонцето која е подалеку од планетите на хоризонтот (не треба да се помеша со зенит кој е нормален за хоризонтот и која се наоѓа директно над локацијата на хороскопот). Неговата спротивна точка е позната како imum coeli (не треба да се помеша со надир кој е спротивна точка на зенитот од спротивната страна на хоризонот). За настани кои се случуваат на место каде замислената оска на Сонцето и хоризонот се совпаѓаат, ограничувачката позиција за овие точки е сместена 90° од подзнакот.

Зодијакот

Астролошките знаци/глифи употребени во ападна астрологија кои ги претставуваат астролошките знаци (Зодијак)

  • Зодијакот се однесува на 16° широката група на небесна сфера која ги содржи знаците. Се наоѓа во средината на замислената оска на Сонцето, се јавува во точниот момент кога Сонцето минува низ небесниот екватор и навлегува во знакот на Риби. Астролозите во Индија и некои западни астролози се користат со уште постар ѕвезден хороскоп , кој одговара на древните позиции на соѕвездијата како што изгледале пред илјадници години. Многумина се збунети во однос на разликите помеѓу сидерални соѕвездија и фигуративните зодијачки знаци. Поради „нишањето“ на Земјината оска на вртење за период поголем од околу 26.000 години (овој период од 26.000 години најчесто се нарекува „значајна година“), точката до која пролетната рамнодневница која се движи во ѕвездената стапка изнесува приближно 0 степени, 0 минути, 50,23 секунди годишно. Според тоа, се јавува прецесија на рамнодневницата на лак од околу 5 минути на секои шест години. И така сидерално знаците се поврзуваат со сезоните, а не со ѕведите. Исто така е значајно да се забележи дека некои астролози воопшто не се користат со зодијачките знаци, туку се фокусираат повеќе на астролошките аспекти и други одлики на хороскопот.
  • Сончевиот знак го претставува знакот на зодијакот во кој тоа е сместено за потеклото. Ова е единствениот астролошки факт кој им е познат на поголемиот број луѓе. Доколку некој настан се случи на изгрејсонце, влијанието и сончевиот знак ќе бидат исти; Тогаш други знаци може да бидат проценети на интервали од околу 2 часа од овде.
  • Врв претставува граница помеѓу два знаци или куќи. За некои врвот вклучува мал дел од разгледувањето на двата знаци или куќи.

Куќи

  • Куќите претставуваат серија од дванаесет поделби на стадиумот на замислената патека на Сонцето. Астролозите смислиле бројни системи за пресметување на овие поделби на куќи. Во случајот на еднаков систем на куќа замислената патека на Сонцето е поделена на дванаесет еднакви куќи, секоја со 30° . Првата куќа започнува со подзнакот и другите се броени во спротивна насока од стрелките на часовникот почнувајќи од првата. Притоа, првите шест се под хоризонтот и другите шест се над него. Положбите на овие куќи остануваат непроменети во однос на потеклото. Сите знаци и планети во текот на денот се движат низ овие дванаесет куќи, а планетите се движат низ знаците за период од месеци или години.

Конструкција на хороскоп во западна астрологија уреди

За да направи хороскоп, астрологот најпрво мора да го одреди точното време и место на раѓање на лицето, или пак, почетокот на случувањето. Локалното стандардно време (приспособено за секое летно сметање на времето или за време на војна) од тој момент преминува во гриничко време или универзално време. Тогаш астрологот треба да го претвори ова во локално ѕвездено време на раѓање со цел да може да го пресмета подзнакот и средината. Потоа астрологот ќе се консултира со неколку табели кои се нарекуваат ефемериди, кои ја читаат локацијата на Сонцето, Месечината и планети во одредена година, време и ѕвездено време, со почит кон северната хемисферска пролетна рамнодневница или поставените ѕвезди (во зависност од тоа кој астролошки систем се употребува). Потоа, ќе ги додаде или одземе разликите помеѓу должината на Гринич и должината на местото на прашањето за одредување на локалното просечно време (ЛМТ) на местото на раѓање за да покаже каде планетите би требало да бидат видливи над хоризонот во просек на точно одреденото време и место. И планетите кои не се видливи од земјата се покажани во хороскопот.

12 сектори на хороскопот околу кругот на замислената патека на сонцето, почнувајќи од хоризонот со подзнак на знакот. Овие 12 сектори се наречени куќи и постојат бројни системи за пресметување на овие делови. Табели на куќите се објавени уште од 19 век за да се направи оваа комплицирана задача полесна.

Куќи

Главна одредба: Куќа (астрологија)

На овој начин картата започнува со принцип на 12 куќи. Покрај ова знаците на зодијакот се наметнати. Во еднаквиот систем на куќи врвот помеѓу било кои две куќи ќе падне на ист степен за секој од 12° кај Лав, втората куќа ќе започне со12° кај Девица, третата со12° кај Вага, итн. Во системи за куќи кои ги земаат предвид ефектите од аглите каде има пресекување помеѓу степени на хоризон и замислена патека на Сонцето, пресметките се повеќе комплицирани. За овие пресметки значајно е да се знае просторот на настанот. Достапни се табели за овие пресметувања но, најчесто се пресметуваат со помош на компјутер. Поголемиот број астролошки компјутерски програми му дозволуваат на корисникот да избере голем број системи за куќи.

Астролошките знаци/глифи употребени во Западна астрологија кои ги претставуваат планетите во астрологијата

Поставеност на планетите

Со одредување на релативните позиции на знаците во куќите, астрологот ги поставува Сонцето, Месечината и планетите во нивните правилни ѕвездени ширини. Некои астролози исто така внимаваат на незначајни планетарни тела, утврдени ѕвезди, астероиди ( на пример Chiron) и други математички пресметани точки и агли како вертекс, екваторски влијанија, итн. Голем број астролози исто така го употребуваат она што се нарекува Арапски делови ( или на грчки судбини), од кои најчест е Делот на судбината (Pars Fortuna).

Аспекти

За да се заврши хороскопот астрологот ќе ги земе предвид аспектите или релативните агли помеѓу двете планети. Поточните аспекти се сметаат за позначајни. Разликата помеѓу точниот аспект и моменталниот аспект е наречена сфера. Оние кои се признаени од страна на астролошка заедница се Врска (0°), Противположба (180°), Агол (90°), Тригон (120°), Секстил (60°), Полуквадрат (45°), Т-квадрат (135°), и Квинкункс (150°). Разбирливо е дека овие аспекти се позначајни кога се точни но, се смета дека функционираат со сфера на влијание, големината која варира во зависност од значењето на секој аспект. Според тоа, се верува дека овие врски раководат со поголема сфера од sextiles. Повеќето модерни астролози употребуваат сфера од 8° или помалку за аспекти кои ги вклучуваат Сонцето, Месечината и Јупитер, како и помали орбити за други точки. Некои астролози, како практикувачи на космобиологија и ураниска астрологија се користат со незначајни аспекти (15°, 22.5°, 67.5°,72°, 75°, 105°, 112.5°, 157.5°, 165°) со потесни орбити.

Подзнак

Географската должина е потребна за да се одреди положбата на подзнакот бидејќи хороскопите се користат со месно време. Со тоа што ќе се направи хороскопот астрологот ќе може да започне со задачата да ја претстави картата. Ова претставување зависи од тоа која гранка на хороскопска астрологија е употребена.

Хороскопи во источни култури

Во кинеската астрологија хороскопите се засноваат на симболизмот на Кинескиот зодијак кој претставува систем од елементи и животни поврзани со секоја година, според полов циклус . (Кинескиот полов циклус (Chinese: 六十花甲; pinyin: liùshí huājiǎ), исто така познат како стебло-гранки (Chinese: 干支; pinyin: gānzhī), претставува цикличен нумеролошки систем од 60 комбинаци на два основни круга, десетте небесни стебла (天干; tiāngān) и дванаесетте земјени гранки (地支; dìzhī). Сепак, овие хороскопи исто како и одликите назначени врз основа на годината на раѓање, се сметаат за занимливи за разлика од точните показатели[2]. Кинеските хороскопи најчесто се појавуваат во хороскопски делови во весници и магазини заедно со западните хороскопи.


Натална карта

Не треба да се помеша со замислена карта

Оваа натална карта, појавена во Астрологија на Ебенезер Сибли (1806), е направена за спектакуларниот датум на раѓање на Исус Христос, полноќ, 25 декември, 45 година според Јулијански календар.

Во натална астрологија, наталната карта претставува хороскоп/астролошка карта направена за точното време на раѓање на лицето во одредено место на земјата со цел собирање информации за истото. Најчесто употребени алтернативни имиња за натална карта вклучуваат карта на раѓање, natus, потекло, и покрај другите и генетличка карта.

Во однос на датумот на раѓање, точното време на раѓање (првото вдишување на воздух се смета за точно време кога картата треба да биде пресметана) и локацијата се суштински кога се смета натална карта за да може да се пресметаат првите агли на картата со најдобра можна точност. Ова го вклучува и подзнакот (или „движечки знак“), imum coeli, подзнак и средина.

Пример

Ова се астролошките симболи/глифи како најмногу употребувани во западната астрологија

Симболи кои се употребуваат во западната астрологија за претставување на астролошките знаци (Зодијак)

Сликата горе-десно претставува модерен пример на натална карта како што еден модерен западен астролог најрадо би ја гледал (иако постојат варијанти во зависност од посебната астролошка традиција до која астрологот се придржува и/или неговите лични претпочитувања). Дизајнот, заедно со употребените симболи/глифи може да варира; Некои одбираат да го вклучат Зодијачкото тркало, додека некои не. Исто така, картите не мора да бидат во форма на круг – следејќи ги Хеленистичко/Романските, средновековните и/или ведските стилови, исто така може да бидат во форма на квадрад.

Астролошките аспекти (како врзување или противположба, покрај другите) се нацртани во средината на картата. Дванаесетте знаци од Зодијакот се ноѓаат подалеку од тркалото; Слично се поставени и дванаесетте сегменти во форма на лак кои ги формираат астролошките куќи за кои се смета дека имаат значење во различни области од животот. Постојат голем број различни системи за пресметување на куќите. Наједноставната натална карта се користи со квадрантен систем на поделба на куќите каде што аглите на картата ја делат картата на четири квадрати со по три куќи во еден квадрант, во кои најчесто куќите вклучуват делови од повеќе од еден астролошки знак. Секој квадрант има аголна куќа во која се вбројува еден од аглите од наталната карта; Потоа следува сукцесна куќа, и на крај завршува со кадентна куќа на крајот од квадрантот.

Време и место на раѓање

Бидејќи сонцето, месечината, планетите и основните агли на небото се постојано во соодветно движење со земјата, со секоја секунда наталната карта/астролошката карта се менува (сепак споро) и се создава нова карта за секој момент на истата локација. Наталната карта е лична и уникатна и зависи од точниот датум, време и точно место на раѓање. Дури и наталните карти на близнаци најчесто се разликуваат како резултат на фактот дека едниот од близнаците е роден со пет минути разлика од другито (Поврзано: астро-близнак)

Времето на раѓање во голем број земји може да се најде на изводот на родените. Во некои случаи, медицинската сестра или докторот кои се прсутни на раѓањето го заокружуваат времето приближно на пола саат или 45 минути, отколку да го дадат точното време. Како резултат на оваа прилично честа пракса, родителите секогаш треба да го запишат точното време на првиот земен здив на нивното дете и да не се потпираат на времето од изводот за родени во случај ако планираат да прават точна и прецизна натална карта направена за нивното дете. Точно време на раѓање е практично бескорисно доколку не е познато точното место на раѓање.

Голем број карти се геоцентрични, односно, направени врз онова на земјата. Сепак, не во теорија не постои причина зошто голем број натални карти да не бидат создадени врз основа на други планети. Одредени астролози користат хелиоцентрични-врз основа на Сонцето- карти за кои е потребно само точното време бидејќи за место ќе се смета Сонцето.Овие претставуваат теоретски конструкции и имаат различно претставување за разлика од геоцентричните натални карти. На карти основани врз други планети ќе им бидат потребни сите повторно пресметани бодови од таа гледна точка; на пример, за „Јовоцентрични“ ќе се смета Јупитер како основа.

Создавање на натална карта

Главна одредба: Хороскоп

Откако астрологот ќе го одреди точното време и место на раѓање, локалното стандардно време (прилагодено за секое летно сметање на времето или за време на војна) во истиот момент е сменето во гриничко време или универзално време. Потоа астрологот треба да го намести по локално ѕвездено време на раѓање за да може да го пресмета подзнакот и средината . Потоа астрологот ќе се советува со неколку табели кои се нарекуваат ефемериди кои ја покажуваат локацијата на сонцето, месечината и планетите во одредена година, време и ѕвездено време кои се однесуваат на северната хемисферска пролетна рамнодневница или поставени ѕвезди (во зависност од тоа кој астролошки систем се употребува). Тогаш астрологот ја додава или одзема разликата помеѓу должината на Гринич и должината на местото во просек за да се одреди вистинското месно време (ЛМТ) на местото на раѓање за да се покаже каде планетите ќе бидат видливи над хоризонтот во точно време и место во просек. Планетите кои не се видиливи од земјата исто така се покажани во хороскопот.

Натална карта за Мартин Лутер, која исто така се појавува во Астрологијата на Сибли.

Потоа хороскопот се дели на 12 сектори околу еклиптичкиот круг, почнувајќи од источниот хоризонт со подзнакот или движечки знак. Овие 12 сектори се нарекуваат куќи и постојат бројни системи за пресметување на овие поделби. Табелите на куќите се објавени од 19 век за да ја направат оваа таканаречена тешка задача полесна.

Поставености на планетите

Со поставување на релативни позиции на знаците во куќите, астрологот ги поставува сонцето, месечината и планетите во нивните вистински ѕвездени должини. Одредени астролози исто така ги забележуваат и малите планетарни тела, утврдени ѕвезди, астероиди (на пр. Chiron) и други математичко пресметани точки и агли како на пример вертекс , екваторско влијание, итн. Голем број астролози исто така го употребуваат она што се нарекува Арапски делови (или на грчки, Лоти) од кои најчесто се употребува Делот за судбина (Pars Fortuna).

Аспекти

Главна одредба: Астролошки аспекти

За хороскопот да биде целосен астрологот ќе ги земе предвид аспектите или релативните агли помеѓу паровите планети. Одредени аспекти се сметаам многу поважни за разлика од други. Оние кои се општо признати од страна на астролошката заедница се Врзување' (0°), Противположба (180°), Квадрат (90°), Тригон (120°), Секстил (60°), Полуквадрат (45°), Т-квадрат (135°), и Квинкункс (150°). Се разбира дека овие аспекти се уште позначајни кога се точни, но се смета дека функционираат со орбита на влијание, големината од која варира во зависност од важноста на секој аспект. Покрај тоа, се верува дека овие врски работат со поголема орбита за разлика од секстили. Поголем дел од астролозите употребуваат орбита од 8° или помалку за аспекти кои го вклучуваат Сонцето, Месечината и Јупитер, како и помали орбити за други точки. Некои астролози, како практикантите на космобиологија и ураниска астрологија, користат најмали аспекти (15°, 22.5°, 67.5°, 72°, 75°, 105°,112.5°,).

Претставување

Главна одредба: Натална астрологија

Откако наталната карта ќе биде создадена, процесот на претставување може да започне. Ова е гранка од астрологијата позната како натална астрологија, која вклучува создавање на комплетна слика за карактерот на лицето или потеклото. Претставувањето вклучува два основни чекори – карта за надоместок и карта на состојба. Картата на надоместок вклучува забележување на распределба карактерноста на зодијачките знаци и куќи во картата, како и значењето на сето ова за севкупната карактерност на потеклото. Знаците се проценети според елементите (Оган, Земја, Воздух и Вода) и според квалитетот (Кардинални, Фиксни и Променливи). Куќите се проценети според значењето на Аголни, Суцесивни и Кадентни куќи. Карта на состојба вклучува проценка за поставеноста на планетите од аспект и позиција во картата, како и забележување на секакви значајни патеки кои се јавуваат меѓу нив. Ова вклучува забележување на значајни аспективни патеки (или групи од аспекти) кои може да се јават во картата покрај други патеки, како на пример Џонсонови патеки.

Сончева карта

Сончевата карта претставува натална карта создадена кога е познат датумот на раѓање но не и времето. [1] Поставеноста на Сонцето на полноќ или пладне се смета за време на раѓање и позицијата на Сонцето, Месечината и планетите поставени во картата за тоа време. Ова води кон точна слика за нивната позиција (со исклучок на Месечината), бидејќи поголемиот дел од планетите не се поместуваат многу во текот на денот. Аспектите помеѓу секоја од планетите (освен Месечината) притоа може да бидат plotted со висок степен на самодоверба. Позицијата на Сонцето се смета за подзнак на картата и куќите со 30 степени кои се еднакви по големина и кои се употребуваат; Или како алтернатива, може да се употреби карта на изгрејсонце, кога позицијата на Сонцето на изгрејсонце во просечна географска ширина се смета за подзнак. [2] И покрај тоа што сончевата карта не може со точност да го покаже подзнакот, средината или куќите, сепак може да овозможи приближно точен профил на карактерот на личноста само со испитување на позицијата на планетите.

Ректифицирање ВО ПРОЦЕС НА ПИШУВАЊЕ 3-8-09

Во астролошката пракса, се работи со замисла, раѓања и смрт на лица и здружени ентитети како земји, компании и колеги. Во случај на личност јасно дека се смета за замисла, раѓање и смрт. Но со замислено лице овие три фази не се толку јасни. Всушност, тие се контроверзни. На пример, не е јасно дали е значајно да се зборува за замисла на колега наспрема негово раѓање. Можеби неговата замисла, доколку постои, ќе биде кога некое лице има идеја да најде колеџ. Можеби тогаш неговото раѓање е легално инкорпорирано. Но, исто така мора да се соочи со првиот ден на неговите предавања, кога доаѓа до постоење извршувајќи ја неговата намерна функција на едукација. Ако е тоа случајот, тогаш можеби неговата инкорпорираност ќе биде негова замисла, и идејата да се има колеџ ќе биде замисла на замислата. И во случај на државата проблемот е уште покомплексен; Може да се посочи, на пример, на многу различни дати кои во САД се сметаат за почеток. Но, било кое лице се соочува со – лице или корпоративно лице – и било која животна фраза се соочува со - замисла, раѓање или смрт – проблемот секогаш се издигнува до она што е точното време во кое еден од овие почетни фази на животни циклуси. Сите овие служувања во животниот циклус се јавуват во текот на историското време. За да се пресмета геоцентирична карта (карта нацртана од гледна точка на место на земјата) потребно е да се знае датумот и времето на тоа место. Доколку се работи за лице, се знае датумот на раѓање, но времето може да спаѓа во една од трите категории на точност која опаѓа: од раѓањето, од меморијата на пациентот, или од неколку снимки на денот (без разлика дали е пладне, ќе биде за 12 часа од другата страна). Дадено случување во текот на историското време се знае (или се смета) за значајно. Најчесто ова е раѓање на лице, но исто така може да биде раѓање на corporate entity како земја, колеги или компанија. Доколку се работи за раѓање на лице, тогаш случајот е значаен. Но доколку се работи за случај кој се смета за датум ан раѓање на земја или колеги или компанија, тој момент се нарекува, кој ние сите го нарекуваме случување, кој се смета за значаен. Ректификација – од глаголот „ректифицира“ со значење „да се исправи“ – го претставува процесот каде се одредува поточното време на постоење на астролошката карта започнувајќи од помалку точно време за да се дојде до она што значи астролошка карта.

Наводи уреди

1. ^ Jeff Mayo, Teach Yourself Astrology, p 35, Hodder and Stoughton, London, 1979

2. ^ "Zodiac." McGraw-Hill Encyclopedia of Science and Technology. The McGraw-Hill Companies, Inc., 2005. Answers.com 29 Nov. 2007. [1]

3. ^ Robert Pelletier & Leonard Cataldo Ibid p 43, 1984; Maritha Pottenger, Ibid, pp 383 – 93, 1991

4. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Fire signs [2]

5. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Earth signs [3]

6. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Air signs [4]

7. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller 1998-2007. astrologyzone.com about Water signs [5]

8. ^ Robert Pelletier & Leonard Cataldo Ibid p 44 , 1984; Maritha Pottenger, Ibid, pp 383 – 93, 1991

9. ^ "The Three Qualities: Cardinal, Fixed And Mutable ." Astrology Info 2007. astrology-info.com 25 Nov.2007. [6] Архивирано на 4 август 2009 г.

10. ^ “Introduction to Astrology”. Self Healing Australia. 26 Nov.2007. [7] Архивирано на 20 јануари 2013 г.

11. ^ "An Introduction to Astrology." Spiritsingles.com 25 Nov.2007. [8]

12. ^ "Rulerships." Carol Wills 2007. astrologynow.com 25 Nov.2007. [9] Архивирано на 27 јануари 2007 г.

13. ^ a b c “Glossary of Astrological Terms”. Logos, Asaa 1998-2004. 26 Nov 2007. [10] Архивирано на 22 јануари 2008 г.

14. ^ “Accidental Dignity”. Astrological Dictionary 1998-2007. gotohoroscope.com. 26 Nov 2007. [11]

15. ^ The Essentials of Vedic Astrology, by Komilla Sutton, The Wessex Astrologer Ltd, 1999, England, pp. 74–92.

16. ^ The Essentials of Vedic Astrology, by Komilla Sutton, The Wessex Astrologer Ltd, 1999, England, p. 168.

17. ^ Theodora Lau, Ibid, pp2–8, 30-5, 60-4, 88-94, 118-24, 148-53, 178-84, 208-13, 238-44, 270-78, 306-12, 338-44, 2005

18. ^ Theodora Lau, Ibid, ppxxx- xxxvi, 2005