Хорок удар е кошаркарски шут во кој офанзивниот играч се врти нормално во однос на кошот, и ја исфрлува топката на врвот на арка во момент кога раката и топката се високо над главата на играчот. Хорок е тежок шут да се блокира, и најслаба точка на ударот е кога топката се крева над трупот и кон главата. Карим Абдул Џабар, еден од легендите на НБА, го патентира својот удар наречен „небесна јадица“ (англиски: sky hook) благодарејќи на два детали: височината на Џабар од над 218 см и испуштањето на топката единствено на врвот на лакот. Џабар беше екстремно делотворен со неговата небесна јадица, и постигна 38.387 бода преку 20 НБА сезони. Џабаровата „небесна јадица“ била блокиран само 6 пати во 20 години[се бара извор], и одбранбените играчи кои тоа го сториле се високи „џинови“ како и самиот Џабар:

Хорок удар во меч меѓу колеџите Индијана и Илиноис.

Денеска, хорокот е непопуларен удар во САД, и почесто е користен во Европа. Во НБА, само Ендрју Бајнум од ЛА Лејкерс, чиј личен тренер е Џабар, вежба и ја користи „небесната јадица“.