Хоризонтален пренос на гени

Хоризонтален пренос на гени (ХПГ) е секој процес во кој има пренос на генетски материјал од една клетка на друга, која не е потомок на првата. За разлика од хоризонталниот пренос на гени, при вертикалниот има пренос на генетски материјал во еден организам од неговиот предок, на пример, од негов родител или од видот од којшто тој еволуирал. Повеќето истражувања во генетиката се однесуваат на вертикалниот пренос на гени, но во последно време сè повеќе станува јасно големото значење на ХПГ, и тоа како важен фактор во еволуцијата на многу организми, меѓу кои бактерии, растенија и луѓе.

Дрво на животот што покажува вертикални и хоризонтални трансфери на гени