Холстебро — значаен град во Данска, поточно во западниот дел на државата. Градот се наоѓа во регионот Среден Јитланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Холстебро. Денес Холтесборг има околу 34.000 жители во градот и околу 57.000 во поширокото градско подрачје.

Холстебро
Поглед на Холстебро
Поглед на Холстебро
Грб на Холстебро
Холстебро is located in Данска
Холстебро
Холстебро
Координати: 56°21′26″N 08°36′55″E / 56.35722° СГШ; 8.61528° ИГД / 56.35722; 8.61528
Управа
 • градоначалникH.C Østerby
Население (2016)
 • Вкупно35,392
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоholstebro.dk

Природни услови уреди

Холстебро се наоѓа во западниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 340 километри западно.

Релјеф: Градот Холстебро се наоѓа во западниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 20-30 метри.

Клима: Климата во Холстебро е умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска Струја.

Води: Холстебро се формирал во внатрешноста на Данска, подалеко од морето. Низ градот тече реката Сторе. Во околината на градот има повеќе помали езера.

Историја уреди

Подрачјето Холстебро било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува 1274 година, а во 1552 година голем пожар го уништил скоро целито град.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања. Имало концентрација на германски војници во бункери засновани крај Северното Море на запад од Холстебро.

Население уреди

Денес во Холстебро има околу 34.000 жители во градските граници и околу 57.000 жители со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Холстебро до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди