Holostei
Период: Јура - денес
Дамчеста оклопна штука, Lepisosteus oculatus
Милска риба, Amia calva
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Инфракласа: Holostei
Редови

Amiiformes
Lepisosteiformes

Холостеи (Holostei) — коскени риби кои покажуваат многу примитивни одлики во својата градба. Името доаѓа од грчките зборови holos (цело) и osso (коска).Постојат осум видови распределени во два реда: првиот е редот Amiiformes, претставен со еден рецентен вид (милска риба, амија, Amia calva) и редот Lepisosteiformes во кој припаѓаат оклопните штуки. Фосилните видови се далеку побројни.

Холостеите, заедно со другите примитивни риби, споделуваат мешавина на одлики во градбата кои се својствени за целокоскените риби (Teleostea) и ајкулите. Во споредба со другата група на примитивни риби (Chondrostei), холостеите се поблиски до телеостеите: спиракулите кои се наоѓаат кај ајкулите и ходростеите се редуцирани; скелетот е окоскен (тенок слој од коска го прекрива поголемиот дел од ‘рскавичниот скелет кај амиите); кај оклопните штуки, опашката е сè уште хетероцеркна, но далеку помалку отколку кај хондростеите; амиите имаат повеќезрачни грбни перки и можат да дишат воздух од атмосферата како и бихирите.

Оклопните штуки имаат дебели ганоидни крлушки кои се својствени за кечигите, додека амиите имаат тени коскени крлушки како и телеостеите. Според ова, оклопните штуки се сметаат за попримитивни од амиите.[1]

Холостеите често се сметаат за парафилетска група, при што оваа инфракласа најчесто не се користи од страна на повеќе автори. Двата реда во неа се третираат како членови на подкласата новоперки.[2] Меѓутоа, неодамнешните митохондриски анализи на ДНК по сè изгледа ја поддржуваат оваа инфракласа, така што ова прашање сè уште не е разрешено. Речиси сите рецентни коскени риби се телеосте (целокоскени риби).

Наводи уреди

  1. Rick Leah. „Holostei“. University of Liverpool (http://www.liv.ac.uk).
  2. „Holostei“. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)