Хоге

општина и остров во Германија

Хоге (германски: Hooge; дански: Hoge, севернофризиски: Huuge) — општина и остров во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Хоге
Поглед на Хоге
Поглед на Хоге
Поглед на Хоге
Грб на Хоге
Хоге во рамките на Германија
Хоге
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Пелворм
Градоначалник Матијас Пипграс
Основни податоци
Површина 5,78 км2
Надм. височина 5 м
Население 103 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 18 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25859
Повик. бр. 04849
Портал www.hooge.de
Местоположба на Хоге во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°34′12″N 8°32′53″E / 54.57000° СГШ; 8.54806° ИГД / 54.57000; 8.54806Координати: 54°34′12″N 8°32′53″E / 54.57000° СГШ; 8.54806° ИГД / 54.57000; 8.54806

Општината се наоѓа на островот Хоге — мал остров близу брегот на Германија. Тој е втор најголем од десетте хализи во Ваденското Море, зад Лангенес. Често е нарекуван „кралица на хализите“. Куќите на островот се изградени на десет варфтен („вештачки издигнати ридови“).

Општината Хоге исто така го вклучува и ненаселениот халиг Нордерог.

Географија уреди

Хоге има 9 населени варфтен:

  • Бакенсварфт
  • Кирхварфт
  • Окелицварфт
  • Хансварфт
  • Окенсварфт
  • Лоренцварфт/Мителтрит
  • Фолкертсварфт
  • Ипкенсварфт
  • Вестерварфт

Понсварфт сè уште се наоѓа близу брегот на Хоге. Понсварфт е ненаселен варфт, кој бил напуштен поради лошата местоположба. На него се наоѓа само водовод.

Малиот остров Хајнсхалиг, сместен источно од Хоге, некогаш бил поврзан со островот преку брана и припаѓал на жител на Хоге, но подоцна бил поплавен и потонал во 1860 година.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди