Хлодовик (c. 466–511) (Ch-)Leuthwig (Ludwig, Louis) бил првиот крал на Франките кој ги обединил сите франкиски племиња под еден владетел. Тој исто така бил и првиот католички крал кој владеел со Галија . Бил син на Хилдерик I и Базина. Во 481, кога имал 15 години, го наследил татка си.[1] Салиските Франки биле едно од двете франкиски племиња кои тогаш го заземале западното подрачје на долна Рона, со нивен центар во подрачјето познато како Токсадрија, меѓу реките Меза и Шелда (што денес е Холандија и Белгија). Подрачјето на владеење на Хлодовик било југозападно од тоа, долж денешната граница меѓу Франција и Белгија. Хлодовик ги поразил околните кралства на Салиските Франки и се поставил себеси за единствен крал на Салиските Франки пред својата смрт. Малата црква во која бил крстен денес се викаСен-Реми, и во неа може да се види статуа на неговото крштевање. Хлодовик и неговата жена Клотилда се закопани во црквата Сент-Женевјев (Свети Петар) во Париз. Значајно за Хлодовик е што тој ја намалил моќта на Римјаните во 486 поразувајќи го римскиот владетел Сијагриј во Битката кај Соасон.[2]

Хлодовик I
Хлодовик — Крал на Франките од Франсоа Луј Дежуин (1786–1844)
Крал на Франките
На престол509 - 511
ПретходникФранкија освоена
НаследникКлотер I (Соасион)
Хилдеберт I (Париз)
Хлодомер (Орлеан)
Теодорих I (Ремс)
Крал на Салиските Франки
На престол481 - 509
ПретходникХилдерик I
НаследникFrancia conquered
Роден(а)c. 466
Починал(а)511
СопружникКлотилда
ДецаИнгомер
Хлодомер
Хилдеберт I
Хлотар I
Клотилда
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХилдерик I
МајкаБазина од Турингија
Вероисповедкатолик

Кловис се преобратил во католик, спротивно на аријанското христијанство вообичаено меѓу Готите кои владееле со поголемиот дел на Галија во тоа време, по барање на неговата жена, Клотилда, бургундска готска принцеза која била католик и покрај аријанизмот со која била опкружена во дворецот. Тој бил крстен во мала црква близу катедралата во Ремс, каде повеќето идни француски кралеви ќе бидат крунисани. Овој чин бил од огромно значење за последователната историја на Западна и Средна Европа, бидејќи Хлодовик го проширил своето царство низ речиси сите провинции на старата римска провинција Галија (модерна Франција). Тој се смета за основач на меровиншката династија која ќе владее со Франките во следните два века.

Име уреди

Во првичните извори името на Хлодовик се спелува во бројни варијанти: франкискиот облик Chlodovech била латинизирана како Chlodovechus, од каде дошло латинското име Ludovicus, кое еволуирало во францускиот облик Луј ( Louis). Хлодовик владеел со Франките од 481 до 511 AD. Името понатаму често се споменува во историјата: три други меровиншки кралеви се викале Хлодовик (Clovis), додека девет други каролиншки владетели и тринаесет француски кралеви како и еден цар на Светото Римско Царство го носеле името Луј ( Louis). Речиси секој европски јаик си развил свој облик на истото име. Louis (француски), "Chlodwig" и Ludwig (германски), Lodewijk (холандски), Людовик (руски), Luis (шпански), Luigi (италијански), и Lewis (англиски) се само 7 од 100 можни варијанти. Историчарите се раликуваат во однос на точното значење на неговото име. Повеќето веруваат дека Chlodovech е составено од германскиот корен Chlod- и -vech. Chlod- = (модерен англиски) гласен, како и постарата конотација славен. -vech = "борец" (модерен англиски). Споредено со модерниот германски luid (тежок звук или бучава), luiden (глагол – најстарото значење е: да се слави гласно) и vechten (глагол – се бори). Chlodovech значи "славен борец".[3]

Историја уреди

Обединување на Франките уреди

 
Хлодовик I кој ги води Франките во победа во Битката кај Толбијак, во сликата на Ари Шефер од 19-от век

Во 486, со помош на Рагнакар, Хлодовик го поразил Сијагриј, последниот римски посланик во Галија, кој владеел со подрачјето околу Соасон денешна Пикардија.[4] Оваа победа кај Соасон го проширила франкиското владеење северно кон реката Лоара. После ова, Хлодовик обезбедил сојуз со Остроготите со тоа што ја омажил неговата сестра Аудофледа со нивниот крал Теодорих Велики. После таа победа следела и друга во 491 кога победил помала група на припадници на племето Туринги на исток од франкиските територии. Подоцна, со помош на друг франкиски поткрал, ги поразил Аламаните во Битката кај Толбијак.

Христијански крал уреди

Хлодовик се оженил со христијанската бургундска принцеза Клотилда (подоцна канонизирана како Св. Клотилда), и според Григориј Турски, како реултат на неговата победа кај Толбијак (496), се преобратил во нејзината католичка вера. Преобраќањето на Хлодовик во католик го оддалечило Хлодовик од другите германски кралеви на тоа време, како оние на Визиготите и Вандалите, кои се преобратиле од паганското верување во аријанско христијанство. Тоа му обезбедило исто така и поддршка од католичката гало-романска аристократија во неговите подоцнежни битки против Визиготите, коишто ги протерал од јужна Галија (507). Според легендата, бидејќи го повикал бога преку својата христијанска жена, Клотилда, тој го поразил непријателот. Клотилда секако била значајна во одлуката тој да го прифати католицимот.

Хлодовик бил крстен во Ремс на Божиќ 496, 498 или 506 од страна на Saint Remigius.[5] Преобраќањето на Хлодовик во католичко христијанство, религија на поголемиот број негови поданици, ги зајакнало врските меѓу неговите римски поданици, поттикнати од нивните католички владици, и нивните германски освојувачи. Сепак, Bernard Bachrach вели дека ова преобраќање од неговиот франкиско паганство оттуѓило многу други франкиски поткралеви и ја ослабело неговата воена положба во тек на следните неколку години[6] Во Битката кај Дижон во 500 година, Кловис не успеал да го покори Бургундското кралство. Се чини дека некако добил поддршка од Оверњците во тек на следните години, бидејќи тие му помогнале да го порази визиготското кралство во Тулуза во Битката кај Вује (507) со што била отстранета визиготската моќ во Галија и тие биле потиснати накај Хиспанија и Септиманија; со битката кралството на Хлодовик го добила поголемиот дел на Аквитанија.[4] Потоа тој го поставил Париз за своја престолнина,[4] и воспоставил опатија посветена на Свети Петар и Павле на јужната страна на реката Сена. Подоцна таа била преименувана во Опатија Сент-Женевјев, во чест на светицата-заштитничка на Париз.[7] Според Грегор од Тур, после Битката кај Вује, византискиот цар Анастасиј I, на Хлодовик му ја доделил титулата конзул.

Слики од Кралот

Последните години и смртта уреди

 
Галија по смртта на Хлодовик.

Кусо пред неговата смрт, Хлодовик го повикал синодот на галските епископи да се состанат во Орлеан за да ја реформираат црквата и да создадат силна врска меѓу Круната и Католичката епископија. Ова бил Првиот Орлеански Совет. Присуствувале 33 епископи и биле донесени 31 уредба за обврските и должностите на поединците, правото на духовност и црковна дисциплина. Овие уредби, еднакво применливи и за Франките и за Римјаните, утврдиле еднаквост меѓу освојувачите и поразените.

 
Гробот на Хлодовик I во базиликата Сен-Дени

Се вели дека Хлодовик умрел на 27 ноември 511; сепак, Liber Pontificalis сугерира дека тој сè уште бил жив во 513.[8] После неговата смрт, Хлодовик бил закопан во Опатијата Сент-Женевјев во Париз. Посмртните останки подоцна биле преместени во базиликата Сен-Дени кон средината на 18-от век.

По неговата смрт кралството било поделено меѓу неговите четири синови: Теодорих, Хлодомер, Хилдеберт, и Клотер. Оваа делба создала нови политички целини – Кралствата на Ремс, Орлеан, Париз и Соасон и започнал период на неединство кое ќе трае, со куси прекини, сè до крајот (751) на неговата меровиншка династија.

Наследство уреди

Хлодовик бил запаметен по три главни достигања:

  1. Унификација на франкиските народи.
  2. Освојување на Галија.
  3. Неговото преобраќање во христијанство.

Предци уреди

Наводи уреди

Фусноти
  1. Датата 481 е добиена со броење наназад од Битката кај Толбијак, која Грегор од Тур ја сместува во петнаесеттата година од владеењето на Хлодовик.
  2. Frassetto, Michael, Encyclopedia of barbarian Europe, (ABC-CLIO, 2003), 126
  3. Etymologisch Woordenboek van het Nederlands, Amsterdam: Amsterdam University Press, 2003-, for the words luid (loud) and vechten (to fight)
  4. 4,0 4,1 4,2 „Iron Age Braumeisters of the Teutonic Forests“. BeerAdvocate. Архивирано од изворникот на 2006-06-13. Посетено на 2006-06-02.
  5. Geary, Patrick J. (1988) Before France and Germany: the creation and transformation of the Merovingian world. Oxford; p. 84
  6. Daly, William M., "Clovis: How Barbaric, How Pagan?" Speculum 69.3 (July 1994:619-664)
  7. Опатијата била разрушена во 1802. Останала само "Кулата Хлодовик," која денес е во темелите на гимназијата Анри IV, источно од Пантеонот во Париз.
  8. Collins, Roger, Early Medieval Europe
Општи информации
  • Daly, William M. (1994) "Clovis: How Barbaric, How Pagan?" Speculum, 69:3 (1994), 619–664.
  • James, Edward (1982) The Origins of France: Clovis to the Capetians, 500–1000. London: Macmillan, 1982.
  • Kaiser, Reinhold (2004) "Das römische Erbe und das Merowingerreich", in: Enzyklopädie deutscher Geschichte; 26. Munich (германски)
  • Oman, Charles (1914) The Dark Ages 476-918. London: Rivingtons
  • Wallace-Hadrill, J. M. (1962) The Long-haired Kings. London
Хлодовик I
Роден(а): 466 Починал(а): ноември 27 511
Владејачки титули
Претходник
Хилдерик I
Крал на Салиските Франки
481 – c. 509
ја освоил Франкија
Освојување
на Франкија
Крал на Франките
c. 509 – 511
Наследник
Клотер I
во Соасон
Наследник
Хилдеберт I
во Париз
Наследник
Хлодомер
во Орлеан
Наследник
Теодорих I
во Ремс
Политички функции
Претходник
Флавиј Енодиј Месала,
Areobindus Dagalaiphus Areobindus
Конзул на Римско Царство
507
со Анастазиј I
Venantius Junior
Наследник
Basilius Venantius,
Celer

Надворешни врски уреди


| NAME =Хлодовик 01 | ALTERNATIVE NAMES = | SHORT DESCRIPTION = | DATE OF BIRTH = 466 | PLACE OF BIRTH = | DATE OF DEATH = 511 | PLACE OF DEATH = }}