Хијакинт бил божествен херој, син на музата Клио и Пир, кралот на Македонија. Неговиот култ кај Амикле, југозападно од Спарта, датира од микенскиот период.[1]

Смртта на Хијакинт

Во митологијата, Хијакинт бил убаво момче и љубовник на богот Аполон, кој исто така бил љубен и од Западниот Ветер, Зефир.[2] Неговата убавина предизвикала кавга помеѓу Зефир и Аполон. Љубоморен бидејќи Хијакинт го претпочитал богот Аполон, додека Аполон и Хијакинт се натпреварувале во фрлање на диск Зефир му ја сменил траекторијата на дискот со цел да го убие Хијакинт.[3]

Кога тој умрел, Аполон не дозволил Ад да го однесе момчето во подземниот свет; наместо тоа, тој направил цвет, зумбул, од неговата пролеана крв.[4] Според Овидиј, солзите на Аполон паднале на ливчињата на новоформираниот цвет како знак на неговата тага.[5]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Аполодор. Библиотека I 3, 3; III 10, 3
  2. Прв Ватикански митограф II 15, 5, исто така и Втор ватикански митограф (181)
  3. Палефат. За неверојатното 46; Лукијан. Разговори на боговите 14, 2
  4. Филострат. Слики I 24 Колуф. Кражбата на Елена 240-248. Делата на Дионис X 255 и др.
  5. Други божества кои починале во цветот на нивната младост и беа вегетативно трансформирани, се Нарцис, Кипарис и Адонис.