Хиротонија (грчки: χειροτονια ) или ракополагање[1][2] — посветување некого во духовен чин. Преку положување на раце на еден или повеќе епископи се посветуваат свештенослужители во соодветниот степен – ѓаконски, презвитерски или епископски.

Епископ ракополага ѓакон во чин презвитер

Хиротонија се нарекува чинот кога лицето се воведува и поставува во свештеното служење и со тоа му се признава определена служба или харизма и соодветната власт. Истата се врши во склоп на литургијата. Епископот, во својство на управител со црквата во едно место, окружен со свештениците, во присуство на заедницата, ги полага своите раце врз кандидатот и му предава власт да извршува свештеничка служба.

Наводи уреди