Хирон, (грчки: Χείρων, латински: Chiron) — син на Хрон и океанидата Филира, еден од кентаурите, митскиот народ полулуѓе-полукоњи од Тесалија.

Хирон го обучува Ахилеј

Митологија уреди

 
Хирон и Ахилеј
 
Хирон (десно)
Пелиј (лево)
Ахилеј во (средина)

За разлика од своите сонародници, Хирон бил мудар и образован. Живел во пештера на Мелејскиот 'Рт или на стрмнините на ридот Пелион, каде ги подучувал другите на уметност и наука. Негови ученици, покрај останатите, биле и јунаците Гемини, Кастор и Полидеук, како и Јасон, Теламон и Ахилеј.

Хирон со својата жена Харикло ја имал ќерката Енеида, која се омажила за егинскиот крал Еака со кој го имала синот Пелеј, кој бил татко на јунакот Ахилеј.

Во Хироновата пештера на Мелејскиот 'Рт се прославила Пелејевата свадба со божицата на морето Тетида. На таа светковина помеѓу божиците Хера, Атина и Афродита избил конфликтот околу златното јаболко, а тој конфликт подоцна со своите последици довел до Тројанската војна.

Еден од најголемите Хиронови пријатели бил најголемиот јунак од античките митови Херакле, кој поради несреќен случај, бил крив за Хироновата смрт.

Хироновата смрт уреди

Кога по наредба на микенскиот крал Евристеј, Херакле заминал во лов на еримантскиот вепар, запрел кај својот пријател кентаурот Фол. Фол во чест на доаѓањето на Херакле припремил голема гозба и отворил големо буре со вино. Виното било во сопственост на сите кентаури, па кога мирисот на виното се проширил по околината, останатите кентаури дотрчале и ја нападнале куќата во која живеел Фол, за да го спасат своето вино.

Херакле во тој судир со кентаурите се ставил на страна на својот пријател Фол и со огнени цепаници ги истерал кентаурите сè до Пелопонез, каде што тие се сокриле во Хироновата пештера на Мелејскиот 'Рт.

Сокриени во пештерата, Херакле ги гаѓал кентаурите со отровните стрели, а една од стрелите по несреќен случај го погодила и Хирон. Иако Херакле се трудел да го излекува Хирон, тоа не му успеало бидејќи стрелите биле натопени со отров од жолчката на Хидра, а против тој отров немало лек. Кога Хирон повеќе не можел да ги издржи болките, се одрекол од бесмртноста која му ја подариле боговите и одлучил да умре. Го замолил Ад, богот на подземниот свет, да го прими во царството на сенките, иако на тоа немал право, и тоа така што ќе го замени местото со јунакот којшто најмногу го задолжил човештвото. Тоа бил титанот Прометеј, кој тогаш станал бесмртен.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди