Хидросферата е непрекинатата водена обвивка на Земјата. Таа ги опфаќа сите води во океаните, морињата, езерата, реките, мочуриштата, водата што се задржува како постојан снег и мраз, водата во атмосферата и во Земјината кора.

Кружење на водата во природата

Хидросферата е поделена на океански (морски) води, копнени води и води во атмосферата. Копнени води се езерата, реките, мочуриштата, постојано ладните води на високите планини и во поларните области, како и подземните води. За разлика од нив, океаните и морињата се поврзани меѓусебно и сочинуваат единствена водна целина - Светско Море. Во Светското Море влегуваат четири океани и 56 мориња со различна големина. Водата во вид на водена пареа, ситни капки и ледени честички, се наоѓа и во атмосферата. Тоа е т.н. атмосферска вода, која преку дождот и снегот паѓа на површината на Земјата.

Надворешни врски уреди