Хејно (роден на 13 декември 1938 како Хајнц Георг Крам) — познат германски пејач. Хејно продал повеќе од 50 милиони записи, и се смета за еден од најуспешните германски музичари на сите времиња.[1]

Хејно во 2015 година
Хејно во 2015 година

Хејно е познат по неговиот баритон глас и неговата препознатлива комбинација на светло руса коса и темни очила за сонце (ги носи многу често на неговите настапи). Живее во градот Бад Минстервејфел, каде што поседувал кафуле до јуни 2012 година.[2] Неговиот интерес за музика започнал кога неговата мајка му дала хармоника во 1948 година, иако неговото семејство едвај можело да си го дозволи тоа.[3][4]

Живот уреди

Хејно е роден на 13 декември 1938 година во Диселдорф-Обербилк, Германија и негови родители се Хајнрих и Франциска Крам. Неговиот татко бил римокатолик и работел како стоматолог, а неговата мајка била протестантка. Неговиот дедо бил оргулар во катедралата во Келн. Исто така, имал двајца братучеди кои биле католички свештеници. Таткото на Хејно бил одбран да стане дел од германската армија за време на Втората светска војна и бил убиен на 2 август 1941 година за време на инвазијата на Советскиот Сојуз.[5]

Надворешни врски уреди

  1. „Heino vs. Campino: Ich habe 50 Mio Platten verkauft – das schaffen die nicht mehr - Rolling Stone“. Rollingstone.de. 2013-02-21. Архивирано од изворникот на 2014-02-21. Посетено на 2013-08-15.
  2. Heino closes his cafe
  3. „Home“. Heino.de. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 2013-08-15.
  4. „The Stories of 10 People Featured on Historically Bad Album Covers“. Mental Floss. 2011-10-10. Посетено на 2013-08-15.
  5. „Heino - official web site - Biography“. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 2012-01-08.