Херон Александриски

Херон Александриски (~ 1070) — инженер и геометар од Александрија, Египет, во тогашното Римско Царство. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.

Херон
Роден(а)жив. 10 г. н.е.
ЖивеалиштеАлександрија, Египет
Птолемаидско царство
Полињаматематика
Познат поеолипил

Речиси сигурно е дека тој предавал во Музеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката.

Проекти уреди

 
Херонова парна топка, „еолипил
 
Автоматско отворање на врати при палење на оган

Херонови дела:

  • парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови.
  • Првиот продажен автомат била исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во списокот на изуми во неовата книга Механика и оптика.
  • Херон исто така измислил многу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.

Библиографија уреди

За некои дела кои му биле припишувани на Херон, сега се смета дека се од друг автор:[1]

  • Геометрија, збирка равенки заснована на првата глава на Метрика.
  • Стереометрика, примери на тридимензионални пресметки засновани на втората глава на Метрика.
  • Менсури, алатки и направи за мерење, засновани на Стереометрика и Метрика.
  • Хеиробалистри, за катапулти.
  • Дефиниции, содржи дефиниции на геометриски поими.

Наводи уреди

  1. O'Connor, J.J. и E.F. Robertson. „Heron biography“. MacTutor History of Mathematics archive. Посетено на 18 јуни 2006. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди