Херонова кугла или еолопил - се смета за прва парна машина во историјата, која ја конструирал Херон од Александрија во I век. Херон загревал шуплива кугла со вода сè додека водата не проврела. Пареата излегувала од две цевки, свиени во спротивни насоки и така предизвикувале вртење на куглата.[1] Второто име доаѓа од старогрчкиот бог и господар на ветриштата – Еол и зборот пил што значи кугла. Иако слична направа опишува и Витрувиј, стотина година порано, Херон прв ја остварил таа идеја.[2]

Приказ на Хероновата кугла

Опис на работата уреди

Хероновата кугла се состои од сад, кугла или валјак, кој може да се врти и има млазници, кои се свиени во спротивни насоки. Садот се загрева додека не се створи пареа која излегува од млазниците. Така се створа потисок, согласно Третиот Њутнов закон (законот за акција и реакција), кој го врти садот во лежиштата. Не е познато дали Хероновата кугла се користела како уред за погон.[3][4]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. [1] "Jet engine"
  2. "Turbine." Encyclopedia Britannica. 2007., <http://www.britannica.com/eb/article-45691>.
  3. [2] "Aeolipile"
  4. "Pneumatica – The Steam Engine", Hero, publisher = Taylor Walton and Maberly [3] Архивирано на 26 декември 2009 г. 2009., University College London