Херберт фон Карајан

Херберт Ритер фон Карајан (германски: Herbert Ritter von Karajan; 5 април 1908 Салцбург, 16 јули 1989, Аниф кај Салцбург) — австриски диригент.

Херберт фон Карајан
Роден Херберт фон Карајан
5 април 1908
Салцбург, Австрија
Починал 16 јули 1989(1989-07-16) (возр. 81)
Аниф кај Салцбург
Познат диригент

После школувањето на конзерваториумот во Виена, во декември 1928 годна, со оркестарот на оваа музичка установа ја почнува својата диригентска кариера. Настапувал низ Европа и светот, а најсветли моменти во неговата кариера се настапите со Виенската и Берлинската Филхармонија како и уметничкото раководење со овие два ансамбли. Во сеќавање на љубителите на класичната музика е неговиот настап со Виенската Филхармонија на Новогодишниот Концерт во 1987 година.

Тој е еден од најистакнатите диригенти на поствоениот период и се смета за еден од најсниманите светски диригиенти. Карајан диригирал со Берлинскиот филхармониски оркестар 35 години, кон крајот на 1954 година доаѓа на местото уметнички раководител, должност која ја остварува сè до своето повлекување во април 1989 година.

Потекло уреди

Во XIX век се случува миграција кон Австроунгарија и Европа од народите кои во тоа време сè уште се наоѓаат под турско владеење. Следејќи го тој правец на мигрирање во Австрија доаѓа и семејството Карајанопулос (според некои извори Карајанис), подоцна Карајан (Црн Јанош) од Кожани, Егејска Македонија.[1][2] Карајановци биле успешни трговци, до толку што добиле баронска титула од саксонскиот крал поради значајната улога во развојот на текстилната индустрија во Саксонија.

Животопис уреди

Херберт фон Караjaн е син на буржоаско салцбуршско семејство од македонско, грчко или влашко потекло. Неговиот пра-прадедо Ѓорѓи Јован Карајан е роден во Кожани, Егејска Македонија, која тогаш била дел од Отоманското Царство и заминал за Виена во 1767 година а потоа и за Кемниц, Саксонија. Тој учествувал заедно со својот брат во создавањето на саксонската конфекциска индустрија и заедно со своите два сина бил удостоен со благороднички титули од Фридрих Аугуст III на 1 јуни 1792 година, од тука и претставката "фон" во презимето. Уште дедото на диригентот го носел познатото презиме, а не само Карајан.

Карајан се доселиле во Салцбург. Макс-Теодор Карајан бил професор по филологија на Универзитетот во Грац, додека неговиот син д-р Ернст вршел хируршка пракса во Салцбург. Ернст Карајан се оженил со Марта Космач од Нови Сад со која имал 2 сина: Волфганг и Херберт.

За својата мајка има изјавено:

Беше одлична личност. Се однесуваше како целиот свет да зависи од нејзе

.

Образование уреди

Првото музичко образование Херберт го добива од својот татко кој, како аматер, свирел кларинет во оркестарот на Моцарт, а го научил и својот син да свири.

Херберт се интересирал за техника и студиите ги започнал на Техничката висока школа во Виена. Иако сакал брзи автомобили и авиони, никогаш не бил заинтересиран за техниката поради самата дисциплина туку го фасцинирала техниката во служба на човекот. Техниката која човекот може и мора да ја скроти. За жал, подоцна во животот, не умеел да ја одреди границата помеѓу техниката како егзактна наука и своите визии за улогите и можностите на техниката. Сепак професионално никогаш не се занимавал со техника туку се посветил на музиката.

Херберт фон Карајан се школувал во Виена доживејувајќи ги првите големи успеси веќе на 30 години. Паралелно со конзерваториумот дипломирал и филозофија, работел како кларинетист, давал часови по пијано, а со велосипед патувал до Бајројт за во живо да студира диригирање на Тосканини и Фуртвенглер.

Веќе пред Втората светска војна бил познати во Белгија, Холандија, Франција, Италија...

Наводи уреди

  1. Cramer, Alfred W. (2009). Musicians and Composers of the 20th Century. 3. Salem Press. стр. 758. ISBN 9781587655159. Herbert Ritter von Karajan (fahn KAHR-eh-yahn) was born to Ernst and Martha von Karajan, an upper-class family of Greek-Macedonian origin.
  2. John Rockwell (22 June 1986). „General Music Director of Europe“. The New York Times.