Херберт Килпин (28 јануари 1870 - 22 октомври 1916) бил англиски фудбалер. Тој е роден во Нотингам на 28 јануари 1870 и израснал со своите девет браќа и сестри на 129 Менсфилд Роуд (129 Mansfield Road). По напуштањето на училиштето тој работел како помошник изработувач на тантели во едно складилиште во градот. Килпин почнал да игра фудбал за Нотс Олимпик (Notts Olympic) и играл во одбрана и средина на теренот, а потоа за Сент Ендрус (Saint Andrews).

Херберт Килпин
Херберт Килпин

Во 1891, Килпин се преселил во Торино да работи за Едоардо Босио, италијанско-швајцарски текстилен трговец кој имал врски со изработвачот на тантели од Нотингам Томас Адамс. Во истата година Босио го основал Интернационале Торино, кој се верува дека бил првиот Италијански фудбалски клуб. Килпин станал член од тимот, со тоа тој станал првиот Англиски играч што заиграл фудбал надвор од границите на Англија.

Во 1897 година тој се преселил во Милано. Во 1899 година после една многу пијана вечер во кафеаната Fiaschetteria Toscana, тој, Алфред Едвардс и уште четири негови другари Англичани, на кои им недостигал крикетот, го формирале Крикетскиот и Фудбалски клув Милан. Килпин дури го дизајнирал и дресот на Милан. Се верува дека рекол: „Ние сме тим на ѓаволи. Нашите бои се црвена како огнот и црна за да предизвикаме страв кај противниците!“

Во 1901 година, во само втората сезона на фудбалскиот клуб, ја освоиле лигашката титула. Килпин станал првиот капитен на Росонерите, како и нивниот прв тренер. Играл осум сезони и освоил три национални титули. Занимливо, имајќи го предвид „легендарниот статус“ во Милан, тој всушност изиграл 27 натпревари, постигнувајќи седум гола. Тој бил значајна фигура и играл на сите позиции, но сигурно не би бил еден од најдобри англсики играчи. Како и да е, Италијанскиот фудбал бил во своите почетоци и пионери како Килпин станувале херои.

Според Јон Фут, во книгата „Калчо, Историја на Италијанскиот фудбал“, Килпин бил познат по неговото пиење. Тој дури си чувал шише виски во дупка позади голот. Килпин трвдел дека ова било ублажување на болката кога противникот ќе постигнел гол. И покрај неговиот проблем со пиењето, Килпин му донел на Милан уште две шампионски титули во 1906 и 1907. Toj ja заврши својата кариера во Милан кога стапи беше забрането не-Италијански играчи да играат во лигата.

Херберт Килпин умрел во сиромаштија во 1916, на 46 годишна возраст. Никој не знае како умрел и неговиот гроб се верувало дека бил изгубен. Меѓутоа, за време на 1990-тите еден аматерки историчар наречен Лујџи Ла Рока, после неколкумесечна потрага, го нашол гробот на Килпин во Мунивипалските гробишта во Милано. На неа не било споменето неговото име и била сместена во делот за протестанти. Во 1999, Милан платил за нов надгробен споменик за неговиот основач и суперѕвезда, и беше закопан на Монументалните гробишта во Милано.

Надворешни врски уреди