Хенри Блоа (11011171), познат и како Хенри од Винчестер[1], бил епископ на Винчестер во периодот од 1129 до 1171 година.

Хенри Блоа
ДеноминацијаКатолик
Senior posting
ЕпархијаВинчестерска епархија
ТитулаЕпископ на Винчестер
Служба1129–1171
ПретходникВилијам Гифард
СледбеникРичард Илчестер
Religious career
Претходна службаИгумен на Гластонбери
Personal
Роден1101
Починал8 август 1171 (69–70 години)

Хенри бил едно од петте синови на Стефан II Блоа и Адела Блоа, ќерката на Вилијам Освојувачот. Негов брат бил Стефан, крал на Англија[2]. Неговиот татко Стефан починал во текот на крстоносните војни, оставајќи на своето семејство огромно богатство со повеќе од 350 замоци и дворци главно на територијата на денешна Франција.

Во времето на англискиот крал Хенри I, тој бил однесен во Англија, каде станал игумен на Гластонбери. Во 1129 година станал епископ на Винчестер[3], задржувајќи ја својата опатија во Гластонбери. За епископ бил избран истата година на 17 ноември. Во времето кога неговиот брат Стефан застанал на англискиот престол, тој станал највлијателниот епископ во црквата.

Хенри Блоа бил познат по својата страст кон архитектурата. Во текот на неговото владеење над црквата, биле изградени голем број на цркви и катедрали. Во Винчестер исто така ја обновил катедралата.

Наводи уреди

  1. Ваков прекар имал и Хенри III.
  2. British History Online: Bishops of Winchester Архивирано на 14 февруари 2012 г.; accessed on 2 November 2007
  3. Powicke Handbook of British Chronology p. 258