Хенигсдорф (германски: Hennigsdorf) е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин и се граничи со него, а границата е главно одредена од реката Хафел.

Хенигсдорф
Црква Мартин Лутер
Црква Мартин Лутер
Црква Мартин Лутер
Грб на Хенигсдорф
Хенигсдорф во рамките на Германија
Хенигсдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Горен Хафел
Градски единици 3
Градоначалник Андреас Шулц (СДП)
Основни податоци
Површина 31,29 км2
Надм. височина 33 м
Население 26.559 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 849 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHV
Пошт. бр. 16761
Повик. бр. 03302
Портал www.hennigsdorf.de
Местоположба на градот Хенигсдорф во рамките на округот Горен Хафел
Карта
Карта
Координати 52°38′16″N 13°12′13″E / 52.63778° СГШ; 13.20361° ИГД / 52.63778; 13.20361

Историја уреди

Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин, па затоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид.

Во 1951-1952 бил изграден Каналот Хафел за да го поврзе Хенигсдорф со Парец, со тоа избегнувајќи го преминот низ реката Хафел, помеѓу Шпандау и Потсдам, кој бил под политичка контрола на Западен Берлин. Каналот е сè уште во употреба, обезбедувајќи пократка рута за бродовите од западниот дел на Берлин до Одра-Хафел и Полска.[2]

Географија уреди

Градски единици уреди

Хенигсдорф се состои од 3 градски единици:

  • Хенигсдорф
  • Нидер Нојендорф (од 1923)
  • Штолпе-Зид (од 1 мај 1998)

Соседни места уреди

Меѓународни односи уреди

Хенигсдорф е збратимен со:

Спорт уреди

Хенигсдорф е дом на рагби клубот Штал Хенигсдорф. Екипата создадена во 1948 под водство на Ервин Тизис била најуспешната екипа во Источна Германија, освојувајќи 27 национални првенства од 1952 до 1990.[3]

Наводи уреди

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)
  2. Шефилд, Бери (1995). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 100. ISBN 0-85288-283-1.
  3. Рагби во Хенигсдорф - Хронологија (германски)Hennigsdorf

Надворешни врски уреди