Хемиско сврзување на водата

(Пренасочено од Хемиско врзување на вода)

Вода (H2O) е проста триатомска свиткана молекула со C2V молекуларна симетрија и агол од 104,45o меѓу централниот кислороден атом и атомите на водород. Иако водата е една од најпростите триатомски молекули, нејзиното хемиско врзување е комплексно поради тоа што многу од водните својства на врзување како аголот на врзување, енергијата на јонизација или енергијата на електронската состојба не може да се објаснат со еден обединет модел на врзување. Напротив, неколку традиционални и напредни модели на врзување како простите Луисова и ВСЕПР структура, теоријата на валентни врски, теоријата на молекулски орбитали, изовалентната хибридизација или Бентовото правило се надополнуваат да дадат сеопфатен модел за врзување на водата.[1] Овие теоретски модели ги објаснуваат различните електронски и физички својства кои ги има водата.

Луисова структура на H2O со ознаки за аголот на врзување и должината на врската.
sp3 хибридизација на H2O
Фотоелектронски спектар на H2O

Наводи уреди

  1. „Contrasting MO and VB theory“. Chemistry LibreTexts (англиски). 2013-10-02. Посетено на 2020-06-26.