Хаџи-Костова кула

Хаџи-Костова кулакула во градот Кратово, една од шесте кули кои останале од средновековниот и османлискиот период на градот. Се наоѓа на десетина метри од Еминбеговата кула и до сарајот на Емин-бег. Изградена е во правоаголна основа и има ѕидови дебели 1,20 м.[1]

Поглед на кулата

Историја уреди

Според народното предание, кулата наводно напукнала за време на Големата турска војна и Карпошовото востание, помеѓу силите на Австријците и Карпошовите востаници против Османлиите во 1989/90 година.[1]

Во 1929 година, жандармерискиот водник Божовиќ наредил напукнатиот дел на кулата да се сруши, со што кулата сега е висока 10 метри.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Митевски, Илија (2018). Историјата и културата на Кратово и Кратовско од најстарите времиња до денес. Кратово. стр. 123. ISBN 9786086626501.