Хафен Сити е кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија. Се наоѓа на речниот остров на Елба, кој се нарекува Кервидер и Вандрам.

Хафен Сити
Кварт во Хамбург
Нови објекти на Сандторкај, кој е дел од Хафен Сити
Нови објекти на Сандторкај, кој е дел од Хафен Сити
Нови објекти на Сандторкај, кој е дел од Хафен Сити
Хафен Сити во рамките на Германија
Хафен Сити
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Мите
Основни податоци
Население 511  (31 декември 2007)
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на квартот Хафен Сити во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°32′30″N 9°59′36″E / 53.54167° СГШ; 9.99333° ИГД / 53.54167; 9.99333Координати: 53°32′30″N 9°59′36″E / 53.54167° СГШ; 9.99333° ИГД / 53.54167; 9.99333

Хафен Сити Хамбург е проект на градско планирање, каде што старите пристанишни магацини и складишта на Хамбург се заменуваат со канцеларии, хотели, продавници, службени згради и станбени области. Проектот е најголемиот проект за обнова во Европа во поглед на површината (приближно 2,2 км2). Површината на Хафен Сити користена е како дел од слободно пристаниште, но намалената економска важност на слободните пристаништа во ерата на слободната трговија на ЕУ, ги отстрани ограничувањата во постојната област на Хафен Сити. Кога целосно ќе биде развиено, ќе биде дом на околу 12.000 луѓе и ќе обезбеди работни места за 40.000 луѓе, најмногу во канцелариските комплекси. Рокот за завршување не е јасно поставен, но веројатно ќе заврши околу 2020-2030.

Историја уреди

На 1 март 2008, поради законот за Хамбург, на соседството Хафен Сити му бил доделен статус на кварт.[1]

Образование уреди

Квартот е опслужуван од Katharinenschule, основно училиште.[2] Исто така, ќе биде иден дом на Хафен Сити Универзитет Архивирано на 2 март 2012 г., нова школа за архитектурата и урбаното планирање.[3]

Култура уреди

Градот Хамбург гради нова концертна сала на местото на стариот магацин од 2007, која ќе биде наречена Филхармониска сала Елба. Проектот треба да биде нова знаменитост на градот, но е критикуван поради преминувањето на трошоцте и моментално доцни три години од договорениот термин. Сега се очекува да биде отворена во 2013.[4]

Економија уреди

Во областа, се наоѓа сегашното германско седиште на Kühne & Nagel, меѓународна бродска компанија; новото седиште на Шпигел Груп на Ерикусшпице и Unilever [5]. Се очекува новото седиште на Гринпис, исто така да биде во Хафен Сити. Центарот на ХАДАГ ги отвори своите врати во 2009.[6]

Инфраструктура уреди

Почесниот конзулат на Киргистан основан во Хамбург во 1995 се наоѓа во улицата Am Sandtorkai 77.[7]

Сообраќај уреди

Квартот ќе биде опслужуван со ново изградената линија на подземната железница, У4, која ќе биде завршена во 2011. Линијата предвидува две станици Überseequartier и Hafencity University.[8]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Закон за територијална организација
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-05. Посетено на 2011-11-27.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-05. Посетено на 2011-11-27.
  4. http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5460320,00.html
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-10. Посетено на 2011-11-27.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2011-11-27.
  7. Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Канцеларство на Сенатот (април 2008)
  8. „Инфраструктура“. HafenCity Hamburg GmbH. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2009-08-26.

Надворешни врски уреди