Хауса (هَوُسَ, јарен јауса) — чадски јазик со голем број на говорници. Како мајчин го говорат 25 милиони луѓе, а како втор има вкупно 18 милиони говорници.[2] Како таков, тој е меѓу најзастапените јазици во Африка заедно со арапскиот, францускиот, англискиот, португалскиот и свахили.

Хауса
هَوُسَ
Застапен воНигер, Нигерија, Гана, Бенин, Камерун, Брег на Слоновата Коска, Судан
Подрачјеширум Сахел како трговски јазик
НародХауса
Говорници34 милиони  (2007)[1]
18 милиони како втор јазик
Јазично семејство
Писмолатиница (боко)
арабица (аџамија)
Јазични кодови
ISO 639-1ha
ISO 639-2hau
ISO 639-3hau
{{{mapalt}}}
Говорното подрачје на хауса во Нигер и Нигерија

Класификација уреди

Јазикот хауса припаѓа на западната подгрупа на групата на чадски јазици во состав на афроазиското семејство.

Заедно со чадската гранка, афроазиските јазици имаат уште 4 гранки:

  1. семитски јазици (арапски, хебрејски, арамејски, амхарски итн.)
  2. кушитски јазици (сомалиски, оромски итн.)
  3. берберски јазици (тамашек, кабилски итн.)
  4. египетски јазици (староегипетски, коптски итн.)

Географска распределба уреди

 
Карта на јазичните групи во Нигерија (1979)

Народот Хауса живее претежно во Нигер и северна Нигерија, но нивниот јазик се употребува како трговски јазик во многу пошироко подрачје на западна Африка (Бенин, Гана, Камерун, Того, Брегот на Слоновата Коска итн.), централна Африка (Чад, ЦАР, Екваторска Гвинеја) и северозападен Судан, особено меѓу муслиманите. Хауса е најзастапениот јазик во Нигерија, но за разлика од јоруба и игбо, нема голем број на говорници вон земјата.

Дијалекти уреди

  • источно наречје: кананџи (се говори во Кано), баусанчи (во Баучи) дауранчи (во Даура), гадуранџи (во Катагум, Мисау и дел од Борно) и хадеџанџи (во Хадеџија).
  • западно наречје: сакватанџи (во Сокото), кутебанџи (во Тараба), кацинанџи (во Кацина), ареванџи (во Гобир, Адар, Кеби и Замфара) и курфајанџи (во Курфеј во Нигер). Говорот во Кацина се смета за преоден помеѓу источното и западното наречје.
  • северно наречје: арева и аравџи.
  • јужно наречје: зазаганџи (во Зарија).

Канскиот дијалект е стандард на јазикот.

Постојат и други наречја што се говорат вон овие традиционални говорни подрачја, претежно во странство.

Фонологија уреди

Согласки уреди

Хауса има 23 до 25 согласки, зависно од говорникот .

Согласки
  Двоуснени Венечни Задно-
венечни
Предно-
венечни
Задно-
непчени
Гласилни
палат. прости лаб. прости палат.
Носни m n
Избувни безвучни t t͡ʃ c k ʔ ʔʲ
звучни b d d͡ʒ ɟ ɡ ɡʷ
исфрлени t͡sʼ t͡ʃʼ kʷʼ
уфрлени ɓ ɗ
Струјни безвучни ɸ s ʃ h
звучни z
Трепетни r
Едноударни ɽ
Приближни l j w

Тројната разлика помеѓу палатализирани заднонепчените согласки /c ɟ cʼ/, простите заднонепчени согласки /k ɡ kʼ/ и лабијализираните заднонепчени согласки /kʷ ɡʷ kʷʼ/ се среќава само пред долго или кратко /a/ (на пр. /cʼaːɽa/ („трева“), /kʼaːɽaː/ („накачува“), /kʷʼaːɽaː/ („шеја-ореви“). Пред предни самогласки се јавуваат само палатализирани и лабијализирани заднонепчени согласки како /ciːʃiː/ („љубомора“) наспроти /kʷiːɓiː/ („бок“). Пред заоблени самогласки, се јавуваат само лабијализирани венечни согласки како /kʷoːɽaː/ („црв“).[3]

Ингресиви уреди

Хауса има ингресиви или „глотализирани самогласки“ (уфрлени и исфрлени) на четири до пет места на творба, зависно од дијалектот. Се одликуваат со испрекинат звук, што се должи на употребата на гласилката при изговорот.

Ваквите гласови се запишуваат со видоизменети латинични букви или апостроф пред или по буквата, зависно од самата буква.

b' / ɓ (уфрлена согласка) [ɓ], понекогаш [ʔb];

d' / ɗ - урфрлена согласка [ɗ], понекогаш [dʔ];

ts' - исфрлена согласка, [tsʼ] или [sʼ], зависно од дијалектот;

ch' - исфрлена согласка [tʃʼ] (не се јавува во кананџи)

k' / ƙ - исфрлена согласка [kʼ]; [kʲʼ] и [kʷʼ] се посебни согласки;

'y е палатализирана гласилна избувна согласка [ʔʲ] што се среќава во малку зборови што се јавуваат мошне често. Историски, овој глас произлегол од палатализираното [ɗ].

Самогласки уреди

Јазикот има 5 фонетски самогласни гласови со единечна и долга варијанта, што дава 10 монофтонзи, како и комбинација, што дава 4 дифонзи (вкупно 14 самогласни фонеми)

Монофтонзи

единечни: /a/, /e/, /i/, /o/ and /u/. долги: /aa/, /ee/, /ii/, /oo/, and /uu/.

Дифтонзи

/ai/, /au/, /iu/ и /ui/.

Тонови уреди

Хауса е тонски јазик. Секоја од петте самогласки може да има висок, низок и надолен тон. Тие можат да се претстават на следниве начини:

à è ì ò ù (низок тон)

á é í ó ú (висок тон)

â ê î ô û (надолен тон)

Правописот не предвидува надредни знаци за означување на тонот. Тие се користат во речници и други научни трудови за разликување на зборовите.

Писмо уреди

Боко уреди

Денес хауса се пишува со латиничната азбука наречена „боко“, наметната во 1930-тите од британската колонијална власт.

A a B b Ɓ ɓ C c D d Ɗ ɗ E e F f G g H h I i J j K k Ƙ ƙ L l
/a/ /b/ /ɓ/ /tʃ/ /d/ /ɗ/ /e/ /ɸ/ /ɡ/ /h/ /i/ /(d)ʒ/ /k/ /kʼ/ /l/
а б б ч д д е ф г х и д/џ к к л
M m N n O o R r S s Sh sh T t Ts ts U u W w Y y (Ƴ ƴ) Z z ʼ
/m/ /n/ /o/ /r/, /ɽ/ /s/ /ʃ/ /t/ /(t)sʼ/ /u/ /w/ /j/ /ʔʲ/ /z/ /ʔ/
м н о р с ш т т/ц у в ј - з -

Буквата ƴ се користи само во Нигер; во Нигерија гласот се пишува со ʼy.

Тонот, должината и разликата помеѓу /r/ и /ɽ/ (не е секаде застапена) не се означува во пишувањето. Така, /daɡa/ „од“ и /daːɡaː/ „битка“ се пишуваат исто: daga.

Аџами уреди

Во минатото, хауса се пишувал и со арапското писмо „аџами“, почнувајќи од раниот XVII век. Ова писмо нема стандарден систем и правопис, и различни автори користат различни букви.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Најголеми јазици на светот во 2007 г.“ (Världens 100 största språk 2007) — Национална енциклопедија на Шведска (шведски)
  2. Според Ethnologue (2009), во 1991 г. во Нигерија имало 18,5 милиони говорници како мајчин и 15 милиони говорници како втор јазик; во 2006 г. во Нигер имало 5,5 милиони како мајчин и 2,2 милиони како втор; истата година имало 0,8 милиони говорници во Бенин и нешто над 1 милион во други земји.
  3. Schuh, Russell G.; Lawan D. Yalwa. „Hausa“. Handbook of the International Phonetic Association. Cambridge University Press. стр. 90–95. ISBN 0-521-63751-1.

Надворешни врски уреди