Харлибарли (англиски: Hurlyburly) е американски филм од 1998 година, во режија на Ентони Дразан. Главните улоги ги толкуваат: Шон Пен, Кевин Спејси, Мег Рајан итн. За својата улога, Шон Пен ја добил наградата за најдобар глумец на Филмскиот фестивал во Венеција, а филмот имал уште три номинации.[1]

Содржина уреди

Филмот е приказна за луѓе, Еди (го игра Пен) и мики (го игра Спејси) кои се на чекор до славата и богатството, а кои во текот на 1980-тите живеат во евтините задоволства на Холивуд, опиени од амбициите, додека истовремено ја бараат вистинската љубов. Амбицијата, сексот, дрогата и парите се дел од секојдневниот живот на Еди и неговите тројца пријатели, кои се впуштаат во расправии и надмудрувања со нивните поранешни жени и со љубовниците.[2] [3]

Наводи уреди

  1. IMDb, Hurlyburly (1998) (пристапено на 3.1.2015)
  2. Антена, број 844, 29.8.2014, стр. 27.
  3. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 23.