Хамадријади (грчки јазик|Ἁμαδρυάδες) во грчкатамитологија биле нимфи дријади, чија судбина е врзана за дрвјата во кои и престојуваат.[1]

Мозаик на кој се Пан и Хамдријада пронајден во Помпеја.

Митологија уреди

Биле пред сè нимфи на даб и топола. Обично се повржувани со дрвја покрај река и свети гори.[2] Бидејќи биле заштитнички на дрвја во кои живееле, биле многу сурови спрема секој кој го уништувал. Тоа било затоа што ако нивното дрво било повредено и Хамадријадите би биле повредени и ако би бил исечен дабот и Хамадријадата би умрела.[3] Од друга страна, биле благонаклонети спрема оние кои го штителе нивното дрво. Се сметале за долговечни, дури и подолговечни од птицата феникс. Сите потекнуваат од Хамадријада по која и го добиле називот, а татко им е Оксил, Орејевиот син.[4] Се нарекувале:

Според некои извори, нивни имиња биле Феба и Атлантија и тие биле сопруги на кралот Данај и мајки на Данаиди.[5] Од една Хамадријада почнала приказната за походот на „златното руно“. Таа го казнила синот на човекот кој го исекол нејзиниот даб и го украл златното руно посветено на богот Зевс.[3]

Наводи уреди

  1. -{theoi.com: Hamadryades}-, Посетено на 29. 4. 2013.
  2. -{theoi.com: Dryades}-, Посетено на 29. 4. 2013.
  3. 3,0 3,1 Замаровски 1985, стр. 73
  4. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  5. Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: NYMPHS}-; -{List of NYMPHS

Надворешни врски уреди

Литература уреди

  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.