Хади Незир

Политичар од Македонија

Хади Незир (турски: Hadi Nezir; Здуње, Гостиварско, 12 август 1952) — македонски политичар, министер во владата на Македонија од 2008, пратеник и член на централното собрание на Демократската партија на Турците на Македонија.

Животопис уреди

Незир е роден во гостиварското село Здуње на 12 август 1952 година. Основното училиште го започнува во село Здуње, а завршува во Гостивар. Средното образование го завршува во ЦСНО „Злате Малакоски“ во Гостивар, додека во 1979 година дипломира во Косовска Митровица и се стекнува со звање електроинженер. Во 1982 година се вработува во Р.И.О.М. „Силика“ – Гостивар, а од 1983 година работи во ЕСМХидроцентрали Маврово во Гостивар. Од 1994 до 2006 година бил директор во ХЕЦ – Равен.[1] Од 2006 година до 12 април 2008 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија[2]. Тој е член е на централното собрание на Демократска партија на Турците на Македонија и претседател на комисијата за надворешна политика. Од 2008 е министер без ресор во македонската влада. Женет е и има две деца.

Наводи уреди

  1. „Колку се богати македонските политичари“. Бизнис - ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари. Архивирано од изворникот на 2010-04-21. Посетено на 2009-11-11.
  2. „Хади Незир“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-11.

Надворешни врски уреди