ХЕЦ „Калиманци“ е мала хидроцентрала на Калиманското Езеро образувано од реката Брегалница близу до селото Калиманци помеѓу Кочани и Делчево.

Хидроцентралата е во погон од 1970 година. Има два агрегата со францис турбини и инсталирана моќност од 12 MW.Со ревитализацијата во 2008 е зголемена и инсталираната моќ на хидроцентралата која сега има моќност од 13,8 мегават-часа. ХЕЦ Калиманци е дел од хидро системот Брегалница, чија главна цел е акумулација на вода за наводнување. За да се искористи водата, изградена е ХЕЦ Калиманци, која е поврзана на Електро енергетската систем на 35 кВ мрежа.[1][2]

Наводи уреди

  1. Ј.П. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
  2. esmak.com.mk Архивирано на 21 април 2008 г., Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010