Фулхенсио Јегрос и Франко де Торес (шпански: Fulgencio Yegros y Franco de Torres, 1780 во Кујкујхо - 1821) бил парагвајски војник, политичар, револуционер и прв шеф на државата Парагвај. Во Парагвај, Јегрос се смета за татко на нацијата.

Фулхенсио Јегрос.

Животопис уреди

Јегрос бол роден во семејство на воени лица, што влијаело да создаде воена кариера. Тој студирал во Асунсион и се приклучил на парагвајската армија. Своите први воени искуства (битки) ги искусил во 1802 година против Португалците и во 1807 година како дел од парагвајските трупи кои го бранеле Буенос Аирес од Британската инвазија на Рио де ла Плата. Тој бил назначен за капетан во 1810 година и станал гувернер на департманот Мисионес.

Јегрос и Педро Хуан Кабаљеро биле главните воени фигури на парагвајската револуција во мај 1811 година, со која Парагвај се стекнал со независност. По независноста, Јегрос и Хосе Гаспар Родригес де Франсија биле избрани за Конзули на Републиката, по моделот на Француската револуција. Тој ја основал првата воена академија во независен Парагвај.

Јегрос бил повеќе успешен како воено лице одошто како политичар и неговото конзулство било засенето од Франсија. Тој бил конзул од 19 јуни 1811 до 12 октомври 1813 година и од 12 февруари 1814 до јуни 1814 година. По неговиот втор мандат, Франсија бил единствен шеф на државата, а Јегрос се пензионирал. Во 1820 година Јегрос зел учество во бунтот против Франсија. По неуспехот, Јегрос бил затворен и погубен на 17 јули 1821 година.

Наводи уреди

  • Fascículos publicados por el Diario la Nación: “Enciclopedia Histórica del Paraguay”
  • Nueva Historia del Paraguay, Editorial Hispana Paraguay S.R.L.

Поврзано уреди

Претходник
создадена е функцијата
Конзул на Парагвај
1811–1813
Наследник
Хосе Гаспар Родригес де Франсија
Претходник
Хосе Гаспар Родригес де Франсија
Конзул на Парагвај
1814
Наследник
Хосе Гаспар Родригес де Франсија