Фудбалска репрезентација на Молдавија

Фудбалската репрезентација на Молдавија (романски: Echipa națională de fotbal a Moldovei) ја претставува Молдавија во фудбалските натпреварувања и е контролирана од Фудбалската молдавска федерација, управувачкото тело за фудбал во Молдавија. Домашен терен на Молдавија е Стадионот Цимбру во Кишињев, а нивни главен тренер е Енгин Фират. По распадот на Советскиот Сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Грузија на 2 јули 1991 година.

Фудбалска репрезентација на Молдавија
СојузФудбалска молдавска федерација (Federația Moldovenească de Fotbal; FMF)
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторЕнгин Фират
КапитенАлександру Епуреану
Најмногу настапиАлександру Епуреану (91)
Најдобар стрелецСергеј Клескенко (11)
Домашен стадионСтадион Цимбру, Кишињев
Домашни бои
Гостински бои

Два од нивните три најдобри резултати во 90-тите години, дошле за време на квалификациите за Европското првенство 1996, со победи над Грузија (1:0) во Тбилиси, и Велс (2:3) во Кишињев. Во 2007 година, Молдавија остварила многу добар резултат, совладувајќи ја Унгарија со 3:0 во Кишињев во квалификациите за Евро 2008. Нивниот најдобар неодамнешен резултат била победа од 5:2 над Црна Гора за време на квалификациите за Светското првенство 2014. Репрезентацијата никогаш до сега не се квалификувала во завршницата на Европското првенство, ниту на Светското првенство сè до овој моментот.

После 4:0 поразот на Молдавија од Англија во септември 1997 година, британскиот писател и комичар Тони Хокс патувал во Молдавија за да ги предизвика и да ги победи сите 11 репрезентативци на Молдавија во тенис. Книжевната филмска верзија на книгата со исто име, Играње на Молдавците во тенис, била снимена во и околу Кишињев во мај и јуни 2010 година и била објавена во пролетта 2012 година.

Историја уреди

Фудбалската федерација на Молдавија била основана во 1990 година. Сепак, фудбалската репрезентација на Молдавија не одиграла службен меѓународен натпревар до 1991 година, кога Молдавија загубила од Грузија.

Првиот обид на Молдавија да се квалификува на Светското првенство било во 1998 година, но тие не успеале да се квалификуваат на турнирот. Молдавија завршила или последна или втора последна во сите квалификувачки кампањи за турнирите, до сега, освен квалификациите за УЕФА Евро 2008, во кои завршиле на петтото место од седум репрезентации, во групата Ц со 12 бода.

Натпреварувачки учинок уреди

Светско првенство уреди

Учинок на Светското првенство Учинок на квалификациите
Година Фаза Место ОН П Н З ДГ ПГ Состав ОН П Н З ДГ ПГ
1930 до 1938 Дел од Романија
1950 до 1990 Дел од Советскиот Сојуз
1994 Не била член на ФИФА Не била член на ФИФА [1]
1998 Не се квалификувала 8 0 0 8 2 21
2002 10 1 3 6 6 20
2006 10 1 2 7 5 16
2010 10 0 3 7 6 18
2014 10 3 2 5 12 17
2018 10 0 2 8 4 23
2022 Ќе се утврди
Вкупно 0/6 58 5 12 41 35 115

Европско првенство уреди

Учинок на Европското првенство Учинок на квалификациите
Година Фаза Место ОН П Н З ДГ ПГ Состав ОН П Н З ДГ ПГ
1960 до 1992 Дел од Советскиот Сојуз и ЗНД
1996 Не се квалификувала 10 3 0 7 11 27
2000 8 0 4 4 7 17
2004 8 2 0 6 5 19
2008 12 3 3 6 12 19
2012 10 3 0 7 12 16
2016 10 0 2 8 4 16
2020 10 1 0 9 4 26
2024 Ќе се утврди
Вкупно 0/7 68 12 9 47 55 140

Лига на нации уреди

Учинок во Лигата на нации
Година Дивизија Место ОН П Н З ДГ ПГ
2018-19 Д 48. 6 2 3 1 4 5
2020–21 Ц Ќе се утврди
Вкупно 6 2 3 1 4 5

Наводи уреди

  1. Член на ФИФА 16 јуни 1994.

Надворешни врски уреди