Фросина (филм)

филм

Фросина — првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Претставен е во 1952 г. Снимател бил Киро Билбиловски, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“[1]. Главната улога, ликот на мајката, го толкува Мери Бошкова, а во другите улоги играат Ацо Јовановски, Петар Вељановски, Предраг Наѓа и други.

„Фросина“
Фросина
РежисерВоислав Нановиќ
СценаристВладо Малески
Главни улогиМери Бошкова
Ацо Јовановски
Петар Вељановски
Предраг Наѓа
Петре Прличко
Илија Џувалековски
Љупка Џундева
Кирил Ќортошев
Жанрдрама
МузикаТрајко Прокопиев
ДистрибутерКино Култура
Премиера28 јуни 1952
Времетраење79 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Филмот е снимен во црно-бела техника, со времетраење од 79 минути, со стандардна техника на 35 милиметри. Жанрот е социјална драма, која ја обработува темата на печалбарскиот живот, војната и трагичниот живот на една мајка.

Улоги уреди

Наводи уреди

  1. „Филмот "Фросина" полни 50 години“. Посетено на 2012-09-02.[мртва врска]