Франц I (Свето Римско Царство)

Франц I (француски: François Etienne, германски: Franz Stephan von Lothringen, роден на 8 декември 1708 во Нанси - починал на 18 август 1765 во Инсбрук) — владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода на Австрија (1740-1765), војвода од Токсана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737).

Франц I
Цар на Светото Римско Царство;
Крал на Германија
На престол13 септември 1745 –
18 август 1765
Крунисување4 октомври 1745, Франкфурт
ПретходникКарло VII
НаследникЈосиф II
Надвојвода на Австрија
На престол21 ноември 1740 –
18 август 1765
ПретходникМарија Терезија
НаследникЈосиф II
совладетелМарија Терезија
Војвода од Токсана
На престол12 јули 1737 – 18 август 1765
ПретходникЖан Гастоне Медичи
НаследникЛеополд II
Војвода од Лорена
На престол27 март 1729 – 9 јули 1737
ПретходникЛеополд
НаследникСтанислав I
Роден(а)8 декември 1708(1708-12-08)
Нанси
Починал(а)18 август 1765(1765-08-18) (возр. 56)
Инсбрук
Почивалиште
СопружникМарија Терезија
Деца
Полно име
Франц Стефан
ДинастијаЛотариншка династија
ТаткоЛеополд
МајкаЕлизабета-Шарлота Орлеанска
ВероисповедРимокатоличка црква

Рани години уреди

Франц е роден во Нанси на 8 декември 1708 како втор син на војводата од Лорена Леополд (1679-1729) и неговата сопруга, француската принцеза Елизабета-Шарлота Орлеанска (1676-1744).

Со австриските Хабсбурговци Франц Стефан бил поврзан преку неговата баба Елеонора, ќерка на царот Фердинанд III. Семејството на Франц Стефан одржувало исклучително добри односи со светиот римски цар КарлО VI, кој планирал да ја омажи својата ќерка Марија Терезија за постариот брат на Франц - Леополд-Клеменс, кој бил наследник на лотарингската круна.

Леополд-Клеменс сепак починал во 1723 година. Така Франц Стефан станал наследник на Лорена и царот Карло VI решил да го ожени Франц Стефан за својата ќерка. Во 1723 година Франц заминал во Виена, каде бил под особеното покровителство на царот. Во Австрија, Франц Стефан станал владетел на Војводство Тешен. Во Австрија Франц останал 6 години до смртта на својот татко во 1729 година, кога официјално го наследил престолот на Лорена. Во 1732 Франц Стефан бил назначен за царски намесник во Унгарија.

Виена уреди

За време на престојот на Франц Стефан во Виена меѓу него и Марија Терезија се родила љубов, но поради политичката ситуација во Западна Европа во почетокот на 30-тите години, планираниот брак бил под знак прашалник. Војната за полското наследство од 1733 година, војната против Франција и Шпанија и баварските претензии за австриската круна по смртта на Карло VI биле причина владата во Виена да планира двоен династички брак - Марија Терезија како наследничка на Австрија, Чешка и Унгарија требало да биде омажена за баварскиот принц додека нејзината сестра за Карло од Шпанија.

Во 1735 година, по завршувањето на војната за полското наследство, царот Карло VI се согласил да го компензира францускиот кандидат за полската круна Станислав Лешчињски со Лорена, принудувајќи го Франц Стефан да се откаже од Лорена, во замена за Големото Војводство Тоскана, а неговиот брак со Марија Терезија повторно станал можен. Покрај тоа Франц Стефан бил назначен за управител во Холандија, а неговиот брат бил оженет за сестрата на Марија Терезија.

Така на 16 февруари 1736 година Франц Стефан и Марија Терезија се венчале во Виена, по кое заминале да живеат во Фиренца, каде Франц станал наследник на последниот владетел од Медичи.

Цар уреди

Во 1740 година починал царот Карло VI, која според Прагматичната санкција од 1713 година го наследила престолот на Австрија, Чешка и Унгарија. На 13 септември 1745 година Марија Терезија го обезбедила престолот за својот сопруг. Марија Терезија била лудо вљубена во нејзиниот сопруг и му родила многу деца.

Франц Стефан починал на 18 август 1765 година во Инсбрук.

Семејство уреди

Франц I со својата сопруга Марија Терезија имале 16 деца:

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  • Tomáš Kleisner - Jan Boublík, Coins and Medals of the Emperor Francis Stephen of Lorraine Prague 2011 ISBN 978-80-7036-316-4
  •   Франц I (Свето Римско Царство) на Ризницата ?
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Франц I (Свето Римско Царство)
Роден(а): 8 декември 1708 Починал(а): 18 август 1765
Владејачки титули
Претходник
Жан Гастоне Медичи
Војвода од Токсана
1737–1765
Наследник
Леополд II
Претходник
Леополд
Војвода од Лорена
1729–1737
Наследник
Станислав I
Војвода од Тишен
1729–1765
Наследник
Јосиф II
Претходник
Карло VII
Крал на Германија
1745–1764
Цар на Светото Римско Царство
1745–1765
Претходник
Марија Терезија
како sole ruler
Надвојвода на Австрија
Владетел на Австриските Ниски Земји

21 ноември 1740–1765
со Марија Терезија
Наследник
Марија Терезија
како sole ruler