Франклин Едмундо "Франк" Рајкард (холандски изговор: [ˈfrɑŋk ˈrɛi̯kaːrt]  ( слушни); роден на 30 септември 1962 година) — поранешен холандски фудбалер и менаџер, кој настапувал на позицијата играч од средниот ред и одбраната во екипите на Ајакс, Милан, Сарагоса и за фудбалската репрезентација на Холандија за која има настапено 73 пати, постигнувајќи 10 гола. Во неговата тренерска кариера тој бил селектор на репрезентацијата на Холандија, како и на тимовите, Спарта Ротердам, Барселона, Галатасарај и на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија.

Франк Рајкард
FrankRijkaard2.jpg
Рајкард во 2006
Лични податоци
Полно име Франклин Едмундо Рајкард
Роден на 30 септември 1962(1962-09-30)(61 г.)
Роден во Амстердам,Холандија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана, среден ред
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1980–1987 Ајакс 205 (47)
1987–1988 Спортинг 0 (0)
1987–1988Сарагоса (позајмица) 11 (0)
1988–1993 Милан 142 (16)
1993–1995 Ајакс 56 (12)
Вкупно 414 (75)
Репрезентација
1981–1994 Холандија 73 (10)
Тренер на екипи
1998–2000 Холандија
2001–2002 Спарта Ротердам
2003–2008 Барселона
2009–2010 Галатасарај
2011–2013 Саудиска Арабија
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Се смета за еден од најдобрите дефанзивни играчи во историјата на фудбалот и како еден од најдобрите играчи на неговата генерација,[1][2] во 2010 година Рајкард бил опишан од страна на британскиот весник "Дејли Телеграф" како "стилски играч со безобзирно педигре".[3]

Наводи уреди

  1. „Dutchman who ruled Europe in three shirts“. fifa.com. Архивирано од изворникот на 2015-07-17. Посетено на 31 December 2015.
  2. „Frank Rijkaard Biography“. history-of-soccer.org. Архивирано од изворникот на 7 January 2016. Посетено на 31 December 2015.
  3. „Liverpool's Roy Hodgson under fresh scrutiny after Frank Rijkaard leaves Galatasaray“. The Daily Telegraph. 20 October 2010. Посетено на 21 October 2010.