Франкенштајн (филм од 1931)

„Франкенштајн“ (англиски: Frankenstein) — американски филм од 1931 година, во режија на Џејмс Вејл (James Whale). Главните улоги ги играат: Колин Клајв, Меј Кларк, Борис Карлоф, Џон Боулс, Едвард Ван Слоун, Двајт Фрај и Фредерик Кер.

PLAY' 1931 година приколка за Франкенштајн

Синопсис уреди

Хенри Франкенштајн е опседнат со идејата да оживее мртовец. Поради тоа, тој ги напуштил студиите по медицината и изолиран во своето планинско засолниште прави необични експерименти. Заедно со својот помошник, малоумниот Фриц (го игра Фрај), тој краде мртовци и од нив успева да создаде тело, но по грешка Фриц му набавува мозок од починат криминалец. Неговата свршеничка Елизабет (ја игра Кларк) е загрижена за него и, заедно со пријателот Виктор Мориц (го игра Боулс) и со поранешниот професор на Хенри, д-р Валдман (го игра Ван Слоун), го посетува Хенри токму во мигот кога тој го довршува својот експеримент, успевајќи да го оживее мртовецот. Така, Хенри го создава чудовиштето (го игра Карлоф) кое е насилно, па мора да го чува затворен во подрумот. При една посета во подрумот, чудовиштето успева да го задави Фриц, а потоа ги напаѓа Хенри и д-р Валдман. Тогаш, Хенри се уверува дека направил грешка и го замолува д-р Валдман да го успие чудовиштето, меѓутоа тоа го убива докторот, потоа бега надвор од засолништето, а подоцна ненамерно убива мало девојче. За тоа време тече свеченоста по повод свадбата на Хенри и Елизабет. Кога во селото пристигнува таткото со телото на убиената ќеркичка, жителите на селото се мобилизираат за да го пронајдат чудовиштето, но тоа влегува во домот на Хенри и ја напаѓа Елизабет, а потоа успева да побегне во планината. Таму, тоа го напаѓа Хенри кого го онесвестува и го зема со себе во една ветерница. Хенри се освестува и се бори со чудовиштето кое фрла од ветерницата и му нанесува тешки повреди. Насобраниот народ ја пали ветерницата во која останува заробено чудовиштето. Филмот завршува така што Хенри успева да се закрепне од повредите.[1]

Наводи уреди