Фојник (Албанија)

село во Албанија

Фојник (албански: Finiq, грчки: Φοινίκη, Финики) — село и општина во јужна Албанија, 8 км од брегот на Јонското Море и 20 км северно од границата со Грција. Административно претставува дел од Валонската област, а се наоѓа во историската област Северен Епир. Општината е создадена во 2015 г. со реформа на месната управа, спојувајќи ги дотогашните општини Алико, Дебар, Фојник, Ливаѓе и Месопотам, кои сега се општински единици. Административен центар е селото Дермиш.[1] Во 2011 г. општината имала 11.862 жители и зафаќала 441 км2.[2] Општинската единица Фојник (поранешната општина) по истите податоци има 1.333 жители.[3]

Фојник
Finiq
општина
Возвишенијата на Делвина и ридот на Фојник во средината, зад рамницата
Возвишенијата на Делвина и ридот на Фојник во средината, зад рамницата
Фојник is located in Албанија
Фојник
Фојник
Координати: 39°54′N 20°3′E / 39.900° СГШ; 20.050° ИГД / 39.900; 20.050
Земја Албанија
ОбластВалона
Површина
 • општина441,20 км2 (17,030 ми2)
Население (2011)
 • општина11.862
 • општина густина0,27/км2 (0,70/ми2)
 • општинска единица1.333
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.9716
Повик. бр.0895
Рег. таб.DL

Мајчин јазик на жителите е грчкиот[4]. Општинската единица Фојник се состои од селата Фојник, Буроња, Члирим, Вриони, Караџа, Брегас (Вромеро) и Сајани (Блеримас).[5]

На подрачјето на општината се наоѓа античкиот град Фојника — центар на епирското племе Хаонци.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Law nr. 115/2014
  2. „Интерактивна карта на управната територијална реформа“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2015-08-05.
  3. „Резултати од пописот во 2011 г.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-05.
  4. Badlands-Borderland: A History of Southern Albania/Northern Epirus by T.J. Winnifrith,ISBN 0-7156-3201-9,2003,Page 69,"... 16. Greek-speaking children in modern Finiq ..."
  5. „Greece – Albania Neighbourhood Programme“. Архивирано од изворникот на 2012-03-27. Посетено на 2015-08-05.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди