Фонотактика е гранка на фонологијата со ограничувањата за дозволиви комбинации на фонеми во еден јазик. Фонотактиката определува дозволиви слоговна структура, слоговни групи, и самогласни низи по пат на фонотактички ограничувања.

Фонотактичките ограничувања зависат од јазикот на кој се однесуваат. На пример, во јапонскиот, согласните групи како /st/ не се дозволени, додека пак истите се дозволени и често употребувани во македонскиот и англискиот. Така, гласовите /kn/ и /ɡn/ не се дозволени да стојат на почетокот на зборот во современиот англиски јазик, но истите се нормални во германскиот и холандскиот.

Слоговите се состојат од следниве делови:

Почетокот и завршетокот може да бидат празни, и со тоа се добива исклучиво согласен слог, или пак, на место на носителот може да стои слоговна согласка.

Звучна хиерархија уреди

Општо земено, правилата на фонотактиката се водат по звучната хиерархија, земено дека носителот има максимална звучност (или „сонорност“) и дека звучноста се намалува како што се оддалечуваме од носителот. Безвучната венечна струјна согласка [s] е пониско на звучната хиерархија отколку венечната странична приближна согласка [l], па така комбинацијата /sl/ е дозволена на почеток, /ls/ е дозволено на крајот (завршетокот), но /ls/ не се дозволува на почетокот, а /sl/ не се дозволува на завршетокот. Така, во македонскиот, зборовите слога /slɔga/ и пулс /puls/ се дозволиви, додека *лсога и *пусл не се недозволиви. На светско ниво, постојат мали исклучоци од правилото, но општо земено ова важи за најголемиот брок јазици на светот.

Поврзано уреди