Фирентинскиот флоринмонета направена од 1252 до 1533 година без значителна промена во неговиот дизајн или стандардот за содржина на метал во тоа време.[1] Имала 54 зрна (3,49914114 грама, 0,1125 тројска унца) номинално чисто или „фино“ злато[2] со куповна моќ тешко да се процени (и променлива), но се движела според социјалната групација и перспектива од приближно 140 до 1000 современи долари на САД. Името на монетата доаѓа од Џиљо ботонато (италијански: Giglio bottonato), цветниот амблем на градот, кој е претставен на главата на монетата.[3]

Задниот дел од монетата флорин.
Флорин од сродското богатство

Историја уреди

Златниот флорин на Република Фиренца била првата европска златна монета искована во доволни количини од седмиот век за да одигра значајна комерцијална улога. Бидејќи многу фирентински банки биле меѓународни веледруштва со филијали низ Европа, флоринот брзо станал доминантна трговска монета во Западна Европа за големи трансакции, заменувајќи ги сребрените шипки во множители на марката (единица тежина еднаква на осум тројански унци).

Во четиринаесеттиот век, сто и педесет европски држави и месни власти за издавање монети направиле свои копии на флоринот. Најважна од нив бил унгарскиот форинт, бидејќи Кралството Унгарија било главен извор на европско злато (сè додека ископувањето во Новиот Свет не почнало да придонесува за снабдувањето во шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век, најголемиот дел од златото што било користено во Европа, доаѓало од Африка).

Монетите биле произведувани во Државната монетарница, која била основана во 1237 година. Се наоѓала во основата на кулата Арнолфо во Палацо Векјо.[4]

Дизајнот на првичните фирентински флорини бил препознатливата значка на градот од едната страна, а од другата стоечка и свртена фигура на Свети Јован Крстител[5] облечен во кострет. На флорините на другите земји, натписите биле сменети (од „Флорентија“ околу флерот, а името на светителот од другата страна), а месните хералдички прикази биле заменети со лилјаната.

Подоцна, други фигури често биле заменувани со Свети Јован. На унгарските форинти, свети Јован бил повторно означен како Свети Ладислав, ранохристијански крал и светец-заштитник на Унгарија, а борбената секира била заменета за првичниот жезол. Постепено сликата станала со покралски изглед.

Тежината на првичниот златен флорин од Фиренца била избрана да биде еднаква на вредноста на една лира (т.е. номинална сребрена фунта од 20 солди или 240 денари) во месните пари на сметката во 1252 година. Меѓутоа, содржината на злато во флоринот не се променила додека парите на сметката продолжиле да се креваат; до 1500 година, еден флорин вредел седум фирентински лири. Вредноста на парите на другите земји постојано се менувал една со друга, зајакнувајќи ја корисноста на флорин како заедничка мерка за вредноста за девизните трансакции.

Други монети уреди

 
Златен флорин или „Beiersgulden“, кован во Холанд под водство на Јован Баварски.
 
Златен флорин или „Philippus goudgulden“, кован во Дордрехт под Филип Праведниот.

Поимот флорин бил позајмуван на други места во Европа. Варијанта на флорин бил рајнгулденот, кован од неколку германски држави кои ги опфаќале трговските средишта на долината на реката Рајна, според серија монетарни конвенции кои започнале во 1354 година, првично со стандард практично идентичен со фирентинскиот флорин (98% злато, 3,54 грама). До 1419 година, тежината била малку намалена (на 3,51 грама), а легурата била значително намалена (на 79% злато). До 1626 година, легурата била повторно малку намалена (на 77% злато), додека тежината била значително намалена (на 3,240 грама). Во 1409 година, стандардот Рајнгулден (во тоа време 91,7% злато) бил усвоен за Рајхсгулден на средновековната германска империја.[6]

Холандскиот гулден е симболизиран како Fl. или ƒ, што значи флоријн (флорин).

Исто така, англиската монета првпат издадена во 1344 година од Едвард III е позната како флорин. Првично проценет на шест шилинзи, составен од 108 зрна (6,99828 грама) злато со чистота од 23 карати и3 12 зрна (или23 78 карати)[7][8] – и во поново време се однесува на британска преддецимална сребрена монета (подоцна никел сребро) позната и како „бит“ од два шилинга (или два боба) (кратенка 2/-) во вредност од 24 пени или една десетина од фунтата.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. See the Ricordanze di S. Maria di Cafaggio, which mentions florins being used in the year MCCL (1250).
  2. Bernocchi, Mario (1976). Le monete della repubblica fiorentina. III. Leo S. Olschki Editore. стр. 66.
  3. Bazzicchi, Oreste (2011). Il paradosso francescano tra povertà e società di mercato. Effatà Editrice. стр. 98. ISBN 978-88-7402-665-4.
  4. https://web.archive.org/web/20220706033533/https://www.torrini1369.com/archivio/en/stories/587-the-florentine-mint.html. Архивирано од изворникот на 2022-07-06. Посетено на 31 март 2022. Отсутно или празно |title= (help)
  5. Horner, Susan; Horner, Joanna B. (1884). Walks in Florence and Its Environs. 2. Smith. стр. 125.
  6. W. A. Shaw (1967) [1896]. The History of Currency 1252–1894 (reprint of second. изд.). New York: Augustus Kelley. LCCN 67020086.
  7. John S. Dye (1883). Dye's coin encyclopædia: a complete illustrated history of the coins of the world ... Bradley & company. стр. 761. Посетено на 31 март 2022.
  8. Palgrave, Sir Robert Harry Inglis (1912). Dictionary of political economy. Macmillan and Co. стр. 82. Посетено на 31 март 2022.

Библиографија уреди

Надворешни врски уреди