Флисингски

’рт во Нова Земја, Русија, најисточна точка на Европа

Флисингски (руски: Мыс Флиссингский) — ’рт на Северниот Остров на архипелагот Нова Земја, Русија. Се смета за најисточната точка на Европа сметајќи заедно со островите.

Сателитска слика на Флисингски.

’Ртот го открил холандскиот морепловец Вилем Баренц во 1596 г. во потрагата по Северниот морски пат до Азија. Наречен е по холандскиот град Флисинген и изворниот назив гласел „Влисингер Хофт“ холандски: 't Vlissinger Hooft.

’Ртот неколку километри од засолништето во кое Баренц и неговата посада ја поминале зимата 1596–97 г. и каде починал следната година. На местото е подигнат крст во негова чест.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Gehoord in het radioprogramma Braakland op radio 1 België (VRT), 26 февруари 2014 г.

Надворешни врски уреди

76°42′07″N 69°05′28″E / 76.70194° СГШ; 69.09111° ИГД / 76.70194; 69.09111