Фламенко гитарата е тип на гитара изработена примарно со цел на неа да се свири фламенко музика.

Фламенго гитара

Традиционалните фламенко гитари се изработуваат од шпански чемпрес и смрека, и се полесни во тежина и малку помали од класичните гитари, со цел да произведуваат „поостар“ звук. Фламенко гитарата, во контраст на класичната, е исто така опремена со бариера налик на штитник, често пластична, што му овозможува на гитаристот да вметне ритмичко удирање по гитара без да ја оштети. Фламенко гитарата исто така се користи различно од класичната гитара, со различни стилови на удирање по жиците, како и употребата на каподастро.

Накратко, фламенко гитарите се наменети за подобро да се вметнуваат во фламенко музиката отколку класичните гитари; сепак, некои поквалитетни фламенко гитари користат слични материјали на оние за класичните гитари.

Фламенкото е оригинална шпанска форма на уметност. Постои во три форми: cante - песната, baile - танцот и guitarra - гитара, свирењето на гитара.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди