Финансиски инструмент

(Пренасочено од Финансиски инструменти)

Финансиските инструменти претставуваат облици во кои може да се држи имотот на пооделни субјекти на стопанството или поодделни сектори. На нивната развиеност делуваат бројни фактори. Развиеноста на финансискиот пазар се мери преку развиеноста на инструментите.

Најважни финансиски инструменти се: пари, чекови, меници, акции, обврзници, благајнички записи, комерцијални записи, банкарски потврди за депозит, банкарски акцепти, цесии, асигнации, компензации, опции, фјучерси, форвордси.