Филип Каваев (роден во 1904 година во Струга - починал во 1974 година во Битола) — македонски гимназијален професор по македонски јазик и литература и фолклорист.[1]

Филип Каваев
Роден {{ 1904 }}
Струга, Отоманско Царство
Починал 1974
Битола, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање фолклорист

Животопис уреди

Филип Каваев е роден во 1904 година во Струга. Основно образование завршил во Струга, средно во Охрид и во 1924 г. завршил богословска учителска школа во Призрен. Во времето од 1924 до 1941 година учителствувал во многу села во тогашната струшка, дебарска и прилепска околија. Во почетокот на бугарската окупација (1941 г.) бил назначен за средношколски професор во Битола каде останал до крајот на својот живот. Учителствувајќи од село во село, Каваев имал можност да се запознае со фолклорот во разни места. Собраниот материјал тој грижливо го чувал до последните години од животот кога го депонирал во Институтот за фолклор во Скопје, така што во проучувањето на фолклорот на Западна Македонија е неодминлив. Во 1945 година бил назначен за наставник за македонски јазик и литература во ново отворените училишта на мајчин јазик, во гимназијата „Никола Карев“ во Битола. Во 1957 г. дипломирал и на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1962 година, според тогашните закони, Каваев бил пензиониран на 58 годишна возраст.

Покрај собирање на народни творби, тој пишувал и книжевни дела. Уште пред НОБ тој објавувал творби - песни и раскази во тогашните весници и списанија. Во 1936 г. за објавениот расказ „Прост рибар“ ја добил првата награда, а 1938 г. на анонимен конкурс добил втора награда за учество со кратко прозно дело. Во 1943 г. тој понудил драмски текст во Битолскиот народен театар, поврзан со револуциоерната дејност и погубувањето на Ѓорѓи Сугарев. Објавувал написи во сп. „Македонски јазик“ за зборообразувачките процеси, за етимологијата на посебни зборови и сл. Има објавено трудови и од историски карактер („Учеството на Битола и битолчани во Илинденското востание според народните песни“). Од објавените трудови посебно интересни се тие што говорат за фолклорот на областа Гора и јазикот на Горанците (исламизирани Македонци). Во 1961 г. ја објавил збирката „Народни пословици и гатанки од Струга и Струшко“, 4450 пословици и 567 гатанки. Во 1969 г. ја објавил книгата „Битола, бабам Битола“ со 204 испеани песни за Битола, додека во 1972 г. излегла од печат и третата негова збирка „Смилево славно во оган гори“. Во 1961 г. бил награден со наградата „4-ти Ноем ври“. Истата година бил одликуван и со Орденот за труд со сребрен венец.

Починал во 1974 година во Битола.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Каваев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 656. Text "series " ignored (help)