Филип Јуричиќ (хрватски: Filip Juričić) (роден 18 април 1981) е хрватски глумец кој потекнува од Загреб. Иако има настапувано во разни театарски претстави и позајмувано глас во некои цртани филмови, најголемата популарност ја стекна со улогата на симпатичниот фудбалер Марко Марушиќ во серијата Љубов во офсајд. Филип Јуричиќ беше во двегодишна романса со глумицата и водителка Ива Шулентиќ, меѓутоа прекина со неа кога дозна дека неговата бивша девојка Матеа Рошчиќ е трудна со него. Тој е татко на неколкумесечно синче, а што се однесува до неговиот ангажман како глумец, моментално настапува во Театар Exit со неговиот колега Амар Буквиќ.