Ферија дел Сол (Мерида)

Ферија дел Сол (шпански : Feria del Sol, во превод Саем на Сонцето) или исто така познат како карневал Taуринo де Америка (во превод карневал на борба со бикови во Америка) е меѓународен културен настан, кој се одржува секој февруари во градот Мерида, Венецуела. Во рамките на фестивалот се одржуваат натпревари во борба со бикови, културни и зоолошки изложби, концерти, паради, спортски настани и избор на мис, која пак се стекнува со титулата „Кралица на сонцето“ (La Reina Del Sol).[1]

Сирко монументал, место каде се одржува натпреварот "Кралица на сонцето"

Историја уреди

 
Местото каде се одржуваат борбите со бикови.

Идејата за одржување на фестивалот се јавува откако група љубители одлучуваат да изградат терен за борба со бикови. Таквите бобри со бикови уживаат голема популарност и во други венецуелскиот градови. Првично е решено празникот да се одржува на Денот на зачнувањето на Дева Марија, кој се прославува на 9 и 10 декември . Поради дождот во декември е решено празникот да се одржи на денот кога се одржува карневалот познат како "Ферија дел Сол". Ова се случува во 1969 година и празникот трае три дена, односно на 15, 16 и 17 февруари и станал еден од најважните фестивали на борба со бикови во Венецуела и во светот.

 
„Кралица на сонцето“ (La Reina Del Sol) 2009

Наводи уреди

  • Guide EDT/Lonely Planet, Venezuela, EDT srl, 2007, ISBN 88-6040-157-7 (италијански)
  • Susan Brushaber, Arnold Greenberg, Venezuela Alive, (Alive Guides Series, Hunter Travel Guides), Hunter Publishing, Inc, 1998 ISBN 1-55650-800-X


Надворешни врски уреди