Фелисити Кендал Хафман (англиски: Felicity Kendall Huffman; родена на 9 декември 1962) е американска глумица, позната по нејзината улога како Линет Скаво во серијата Очајни домаќинки. Оваа улога и донесе Еми награда. Добила одлични критики за нејзината улога во независниот филм Трансамерика (Transamerica), за којашто доби и Златен глобус. Хафман освоила осум значајни награди, и била номинирана десет пати, вклучувајќи ја и номинацијата за Оскар.

Фелисити Хафман
Фелисити Хафман
Роден(а)Фелисити Кендал Хафман
СопружникВилијам Х. Мејси (1997-)
НаградиNBR награда за најдобра глумица
2005, за филмот Трансамерика (Transamerica)

Животопис уреди

Младост уреди

Фелисити Хафман, родена во Бедфорд, Њујорк е ќерка на Грејс Вејл, глумица, и Мур Питерс Хафман, банкар. Нејзините родители се развеле една година по нејзиното раѓање, а таа одраснала со нејзината мајка. Таа има шест сестри и еден брат. Се запишала на академијата Interlochen Arts во Мичиген. После завршувањето на средното образование заминала на универзитетот Њујорк (New York University), каде што дипломирала во 1988.

Личен живот уреди

Фелисити е мажена за глумецот Вилијам Х. Мејси (англиски: William H. Macy), со кого има две ќерки Софија Грејс (родена на 1 Август, 2000) и Џорџија Грејс (родена на 14 Март, 2002). Тие се венчале на 6 Септември, 1997. Заедно со својот сопруг се појавила во многу филмови, како и во телевизиски и сценски настапи, како што се ТВ шоуто „Спортска вечер“ и филмот Магнолија (Magnolia).

Во 2005, Хафман откри дека во тинејџерските години боледувала од анорексија и булимија. Меѓутоа, со терапија ги победила овие болести. Таа сѐ уште е позната по нејзината смисла за хумор, прави шеги на сопствена сметка, и за себе верува дека „не е убава“. Голема обожавателка е на Тина Тарнер, нејзиниот сон бил да стане пејачка, и кога гостувала во Шоуто на Опра Винфри, Опра ја изненадила кога на сцената ја повикала Тина Тарнер и и овозможила да запее со својата омилена пејачка.

Кариера уреди

Фелисити Хафман е позната по нејзините улоги во Очајни домаќинки и Трансамерика“ (Transamerica). На телевизиските екрани таа се појавила во емисијата „Спортска вечер“, а била и гостувачка ѕвезда во сериите Фрејзер, „Западно крило“ (The West Wing), и „Студио 60“. Се појавила и во филмовите како што се „Одгедувајќи ја Хелен“ (Raising Helen) и „Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks).

Фелисити освои Еми награда за нејзината работа во Очајни домаќинки за „Најдобра глумица во комични серии“, и две 2005 Screen Actors Guild Awards награди. Нејзината улога во филмот „Трансамерика“ (Transamerica) беше позитивно оценета од критичарите, обезбедувајќи и Златен глобус за „Најдобра глумица во драма“, како и номинации за Screen Actors Guild Awards за „Најдобра главна глумица“, и за Оскар за „Најдобра главна глумица“.

Фелисити е исто така и соавтор на книгата „Практичен прирачник за момчето“ (A Practical Handbook for the Boyfriend).

Филмографија уреди

  • 1988: „Работите се менуваат“ (Things Change)
  • 1990: Reversal of Fortune како Мини
  • 1991: „Златни години“ (Golden Years) како Тери Спан
  • 1993: The X-Files - "Ice" како д-р Ненси да Силва
  • 1995: „Хакери“ (Hackers) како адвокатка
  • 1997: „Шпанскиот затвореник“ (The Spanish Prisoner) како Пет МекКјун
  • 1998-2000: „Спортска вечер“ (Sports Nights) (TV) како Дејна Вајтекер
  • 1999: „Магнолија“ (Magnolia) како Синтија
  • 2003: „Опседунивање на куќата“ (House Hunting) како Шеила
  • 2004-денес:Очајни домаќинки (TV) како Линет Скаво
  • 2004: „Одгледувајќи ја Хелен“ (Raising Helen) како Линдзи Дејвис
  • 2004: „Божиќ со Кренксови“ (Christmas with the Kranks) како Мери
  • 2005: Трансамерика“ (Transamerica) акако Сабрина 'Бри' Озборн
  • 2007: Georgia Rule како Лили
  • 2008: „Фиби во Земјата на чудата“ (Phoebe in Wonderland)
  • 2008: „Жената на политичарот“ (The Politician's Wife) (во продукција)

Награди уреди

Оскар

  • 2006: номинирана за „Најдобра глумица во главна улога“ -- Трансамерика

Златен глобус

  • 2000: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- „Спортска вечер“ (Sports Night)
  • 2005: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки
  • 2006: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки
  • 2006: освоила, за „Најдобра глумица во филм (драма)“ -- Трансамерика
  • 2007: номинирана за „Најдобра глумица во телевизиски серии“ -- Очајни домаќинки

Еми

Screen Actors Guild Awards

  • 2000: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Спортска вечер
  • 2005: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
  • 2006: номинирана за „Најдобра глумица во главна улога“ -- Трансамерика
  • 2006: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
  • 2006: освоила, за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
  • 2007: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки
  • 2007: номинирана за „Најдобро одиграна улога во комични серии“ -- Очајни домаќинки

Надворешни врски уреди