Федерико Андахази

Федерико Андахази (шпански: Federico Andahazi), (1963, Буенос Аирес, Аргентина) е современ аргентински писател.

Ф. Андахази

Живот и творештво уреди

федерико Андахази е роден во 1963 година во Буенос Аирес. На книжевната сцена се појавил во 1995 година, кога неговите раскази „Побожните“ и „По нарачка“ добиле високо признание на Националниот натпревар за кратки раскази. Најпознато неговот дело е романотАнатом (El Anatomista)“ со кој во 1996 година ја освоил првата награда на Фондацијата „Лакроз“. Потоа, романот доживеал огромен успех и станал една од најчитаните и најпродаваните книги во историјата на латино-американската литература. Исто така, романот „Анатом“ е преведен на повеќе јазици. Македонското издание на овој роман е објавено во 2004 година, во превод на Ташко Ширилов, а во издание на издавачката куќа ТРИ.[1]

Наводи уреди

  1. Федерико Андахази, Анатом. Скопје: ТРИ, 2004, стр. 217.