ФК Шефилд Јунајтед

ФК Шефилд Јунајтед (англиски: Sheffield United Football Club) е фудбалски клуб од градот Шефилд, Јужен Јоркшир, Англија. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал. Клубот е основан во 1889 година и има прекар сечилата кои се наоѓаат и на амблемот на клубот, поради историјата на градот Шефилд за производство на челик.

Шефилд Јунајтед
Целосно имеФудбалски клуб Шефилд Јунајтед
ДржаваАнглија Англија
ПрекарThe Blades (Сечилата)
Основан22 март 1889
Бои               црвена, бела и црна
СтадионБрамал Лејн
Капацитет32,125
СопственикАбдула бин Мусаад бин Абдулазиз Ал Сауд (50%)
СопретседателСаудиска Арабија Мусаад бин Калид Ал Сауд
МенаџерАнглија Крис Вајлдер
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2019–20Чемпионшип, 2-ри (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Во својата долга историја, Шефилд Јунајтед само еднаш бил шампион на Англија, во сезоната 1987-1988 во старата Прва дивизија. Порај тоа, тие имаат освоено и четири ФА Купа во 1989, 1902, 1915 и 1925 година. Шефилд Јунајтед бил еден од основачките членови на Премиер лигата, а нивниот играч Брајан Дин го постигнал првиот гол во новоформираната лига во победата на домашен терен со 2-1 над Манчестер Јунајтед.

Својте домашни натпревари Шефилд Јунајтед ги игра на стадионот Брамал Лејн, кои има капацитет од нешто повеќе од 32,000 седечки места. Традиционално, клубот игра во пругасти црвено-бели дресови и црни шорцеви. Најголемо соперништво имаат со Шефилд Венздеј, со кои го играат градското дерби на Шефилд познато како Дерби на Челичниот град.

Надворешни врски уреди