ФК Спортинг Лисабон

ФК Спортинг Лисабон или само Спортинг е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во Примеира лига, највисокото ниво на португалскиот фудбал.

Спортинг Лисабон
Целосно имеФудбал Клуб Спортинг Лисабон
ПрекарLeões (Лавови)
Verde e Brancos (зелено-бели)
Основан1 јули 1906
СтадионЖозе Алваладе
Лисабон, Португалија
Капацитет50,095
СопственикПортугалија Фредерико Варандас
ТренерПортугалија Рубен Аморим
Лига Примеира лига
2022–23Примеира лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1906 година и важи за еден од најуспешните клубови во Португалија, заедно со нивните најголеми ривали Бенфика и Порто со кои ја сочинуваат големата фудбалска тројка во земјата. Во клупската историја со освоени 19 национални титули, 17 купови и 9 суперкупови, Спортинг е трет клуб по успешност во Португалија зад Бенфика и Порто. Покрај тоа, клубот има и една титула во европските натпреварувања, освоена во Купот на победниците на куповите во сезоната 1963-1964, кога во финалето го победиле унгарскиот МТК.

Својте домашни натпревари, Спортинг ги игра на стадионот Жозе Алваладе, изграден во 2003 година, кој го заменил стариот стадион со истото име. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, а прекарот на клубот е Leões (Лавови), симбол кој што се наоѓа и на средината од грбот на клубот. Химната на клубот е насловена како "A Marcha do Sporting" (Маршот на Спортинг).

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Антонио Адан
2   ОД Матеус Реис
3   ОД Џери Сент Жуст
4   ОД Себастијан Коатес  
5   СР Хидемаса Морита
8   НП Педро Гонсалвеш
9   НП Виктор Ѓекереш
10   НП Маркус Едвардс
11   СР Нуно Сантош
12   ГМ Франко Исраел
13   ОД Луис Нето
17   НП Франсиско Тринкао
Бр. Позиција Играч
20   НП Паулињо
21   НП Жени Катамо
22   ОД Иван Фреснеда
23   СР Даниел Браганса
25   ОД Гонсало Инасио
26   ОД Усман Диоманде
41   ГМ Диего Калаи
42   СР Мортен Хјулманд
43   ОД Жоао Мунис
47   ОД Рикардо Есгајо
72   ОД Едуардо Кварежма
80   СР Коба Коиндреди

Тренери уреди

 
Тренери на Спортинг Лисабон

Стручни кадри уреди

Управен одбор уреди

 
Уго Виана
Позиција Име
Претседател и сопственик   Фредерико Варандас
Заменик претседатели   Франсиско Салгадо
  Педро Жозе Кореја
Спортски директор   Уго Виана
Тим менаџер   Бето
Маркетинг директор   Паулињо
Скаутинг директор   Раул Жозе
 
Рубен Аморим

Тренерски штаб уреди

Позиција Име
Тренер   Рубен Аморим
Втор тренер   Карлош Фернандеш
Асистенти   Аделио Кандидо
  Емануел Феро
Тренери на голманите   Жорже Витал
  Тијаго Фереира
Фитнес тренер   Гонсало Алваро
Координатор на младинските екипи   Жоао Пауло Кошта
Општ лекар   Жоао Педро Араужо
Физиотерапевти   Пауло Бареира
  Уго Фонтес
  Рубен Фереира

Трофеи уреди

Домашни натпреварувања уреди

1940-1941, 1943-1944, 1946-1947, 1947-1948, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1953-1954, 1957-1958, 1961-1962, 1965-1966, 1969-1970, 1973-1974, 1979-1980, 1981-1982, 1999-2000, 2001-2002, 2020-2021.
1940-1941, 1944-1945, 1945-1946, 1947-1948, 1953-1954, 1962-1963, 1970-1971, 1972-1973, 1973-1974, 1977-1978, 1981-1982, 1994-1995, 2001-2002, 2006-2007, 2007-2008, 2014-2015, 2018-2019.
2017-2018, 2018-2019, 2020-2021, 2021-2022.
1982, 1987, 1995, 2000, 2002, 2007, 2008, 2015, 2021.

Меѓународни натпреварувања уреди

1963-1964
Финалист : 2004-2005
 
Стадион Жозе Алваладе

Наводи уреди

Надворешни врски уреди