ФК Сервет е швајцарски фудбалски клуб од градот Женева. Моментално се натпреваруваат во Суперлигата на Швајцарија, најсилното фудбалско ниво во земјата.

Сервет
Целосно имеСервет Фудбал клуб
ДржаваШвајцарија Швајцарија
Основан20 март 1890
СтадионСтад де Женев (30.000)
Женева, Швајцарија
СопственикШвајцарија Дидје Фишер
ТренерШвајцарија Рене Вајлер
ЛигаСуперлига на Швајцарија
2022-2023Суперлига, 2. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Со 17 титули и 7 купови на Швајцарија, Сервет е еден од најуспешните клубови во оваа земја. Последната првенствена титула ја освоиле во сезоната 1998-1999.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Стад де Женев, кој има капацитет од 30.000 седечки места.

Најголеми ривали им се Лозана и Сион.

Историја уреди

Сервет е основан во 1890 година, и е водечки клуб во францускиот дел Швајцарија, со 17 титули првак и 7 Купа на Швајцарија. Пред да објави банкрот, Сервет бил единствениот клуб, кој не испаднал од првата лига од нејзиното формирање во 1897 година.

На 4 февруари 2005 година компанијата објавува банкрот. Клубот должел многу пари и неколку месеци не им платил на играчите. Во 2006 година, Сервет испаднал во Трета швајцарска лига. Во сезоната 2010-11, со победата во двомечот со Белинцона со вкупен резултат 3-2 одново се враќа во Супер лигата. Таму се задржале две сезони, во 2013 година Сервет повторно испаднал во Челенџ лига.

Титули уреди

1906–07, 1917–18, 1921–22, 1924–25, 1925–26, 1929–30, 1931–33, 1933–34, 1939–40, 1945–46,  
1949–50, 1960–61, 1961–62, 1978–79, 1984–85, 1993–94, 1998–99.

1927–28, 1948–49, 1970–71, 1977–78, 1978–79, 1983–84, 2000–01.

1977, 1979, 1980.

Познати играчи уреди

Надворешни врски уреди