ФК Порто

португалски фудбалски клуб

ФК Порто или попознат како Порто, е португалски фудбалски клуб од градот Порто кој се наоѓа во северниот дел од државата. Клубот е основан на 28 септември 1893 година,[2][3][4][5] во градот Порто и е еден од трите најголеми и најпознати фудбалски клубови во Португалија, заедно со Бенфика и со Спортинг Лисабон, кои се воедно најголемите соперници на Порто. Навивачите на ФК Порто се нарекуваат "Portistas" или "Dragões" што во превод би значело "змејови".

Португалија Порто
Целосно имеФудбалски клуб Порто
ПрекариDragões (змејови)
Azuis e Brancos (сино-белите)
Основан28 септември 1893
СтадионДрагао
Порто, Португалија
(Капацитет: 50,399[1])
PresidentХорхе Нуњо Пинто да Коста
ТренерВиктор Переиера
Лига Примеира лига
2022/23Примеира лига, 2.
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

ФК Порто е еден од најуспешните португалски фудбалски клубови во интернационални рамки со освоени 7 титлули, и втор најуспешен клуб во Португалија со освоени 64 титули.

Во земјата Порто го држи рекордот од 5 титули по ред во Португалската Премиера, а лигата ја има освоено вкупно 25 пати. Португалскиот Куп клубот го има освоено 20 пати, а Португалскиот Супер Куп 18 пати. Порто заедно со ФК Бенфика се единтвените 2 тима во Португалија кои успеале да останат непоразени во цела една сезона од 30 натпревари. Порто тоа го отствари во сезоната 2010/11 која ја завшри на првото место со 27 победи и 3 нерешени натпревари.

На меѓународна сцена, ФК Порто е многу успешен клуб, со национален рекорд од 7 титули: Европскиот Куп во сезоната 1986/87, Интерконтиненталниот Куп во 1987, и УЕФА Супер Купот исто така во 1987 година со што станал еден од малкуте фудбалски клубови со освоени 3 меѓународни титули а единствен во Португалија, потоа во сезоната 2002/03 го освоил Уефа купот (единствена титула на Португалија во Уефа купот), во сезоната 2003/04 ја освоил Лигата на Шампионите (единствена титула на Португалија во Лигата на Шампионите), во 2004 го освоил Интерконтиненталниот Куп, како и во сезоната 2010/11 Уефа Европа Лигата) (единствена титула на Португалија во Уефа Европа Лигата).

Историја уреди

ФК Порто е основан во 1893 од страна на винскиот трговец Антонио Николау де Алмеида.

Прекарот на ФК Порто "Dragões" (змејови), како и името на стадионот "Estádio do Dragão" (стадионот на змејот) се поврзани со грбот на клубот. Сè до 1922 амблемот на клубот бил син фудбал со бели букви FCP. Таа година еден од играчите на клубот предложил амблемот да претставува комбинација од амблемот на клубот и грбот на градот Порто во тоа време.

Боите на клубот исто така се инспирирани од историските бои на Португалија; сè до соборувањето на монархијата во 1910 португалското знаме било сино-бело а во средина се наоѓал грбот на Португалија крунисан со кралска круна.

1984 Купот на победниците на куповите уреди

Кога на чело на претседателското место во Порто седнал Пинто да Коста, Порто немал никакви успеси на меѓународни рамки, но тоа брзо се сменило. Првото финале клубот го играл во сезоната 1983/84 во Купот на победниците на куповите против Јувентус кое го загубил со 2:1. Таа година тренер на тимот бил португалецот Хосе Марија Педрото.

Фаза Противник Дома Гости
1st Коло   Динамо Загреб 1–0 1–2
2nd Коло   Глазгов Ренџерс 1–0 1–2
Четвртфинале   Шахтјор Донецк 3–2 1–1
Полуфинале   Абердин 1–0 1–0
Финале   Јувентус 1–2

1987 Европскиот Куп уреди

Три години подоцна, тимот предводен од страна на португалецот Артур Хорхе, наследникот на Хосе Марија Педрото доаѓа до својот прв европски трофеј триумфирајќи во Европскиот Куп 2:1 во возбудлив натпревар против Баерн Минхен.

Фаза Opponent Дома Гости
Шеснаесетфинале   Рабат Ајакс 9–0 1–0
Осминафинале   Витковице 3–0 0–1
Четвртфинале   Брондби 1–0 1–1
Полуфинале   Динамо Киев 2–1 2–1
Финале   Баерн Минхен 2–1

Европскиот Куп и Интерконтиненталниот Куп уреди

Истата сезона Порто го освоил Европскиот Супер Куп победувајќи го ФК Ајакс и Интерконтиненталниот Куп против уругвајскиот ФК Пењарол и станал првиот португалски клуб со европски трофеј.

1988-2002 уреди

Од 1988 до 2002 година Порто бил просечен клуб во европските купови и не успевал да стигне повеќе од шеснаесетфиналињата. Исклучок била 1994 година кога клубот стигнал до полуфиналето од Лигата на Шампионите каде во еден натпревар загубил убедливо 3:0 од Барселона на Камп ноу.

2003 Победници на Купот на УЕФА уреди

Предводен од палката на Жозе Мурињо, Порто успеал да стигне до финалето на Уефа купот во сезоната 2003/04 каде го совладал шкотскиот Селтик so 3:2. Оваа сезона се смета за една од најуспешните сезони во историјата на Порто, бидејќи освен трофејот од Уефа купот клубот ги освоил и Португалксата премиера и Португалскиот Куп.

Истата сезона Порто играл и во финалето на Супер Купот на УЕФА каде што загубил 1:0 од Милан.

Stage Opponent Home Away
1/64   Полонија Варшава 6–0 0–2
1/32   Австрија Виена 2–0 1–0
Шеснаесетфинале   Ленс 3–0 0–1
Осминафинале   Денизлиспор 6–1 2–2
Четвртфинале   Панатинаикос 0–1 2–0
Полуфинале   Лацио 4–1 0–0
Финале   Селтик 3–2

2004 Шампиони на Европа по вторпат уреди

 
Навивачите на Порто на Гелзенхирхен Арена во Шалке

По стартнот пораз во групната фаза од Реал Мадрид никој не очекувал дека Порто ќе стигне далеку во Лигата на Шампионите. Но по овој пораз Порто не загубил ниту еден натпревар во Лигата на Шампионите. Во групата F клубот завршил пред Олимпик Марсеј и пред ФК Партизан, а пред Порто бил само Реал Мадрид. Во осминафиналето Порто играл против Манчестер Јунајтед елиминирајќи го со вкупни 2:1. Во четвртфиналето Порто играл против ФК Лион елиминирајќи го со резултат 4:2 благодарение на победата на домашен терен од 2:0. Полуфиналето на Порто му го донесува шпанскиот Депортиво Ла Коруња каде во изедначени два натпревари Порто успеал да слави со вкупни 1:0 победувајќи го Депортиво Ла Коруња на негов терен. Во финалето Порто го победил францускиот Монако со чисти 3:0. Оваа победа за Порто значела освојување на Лигата на Шампионите по вторпат.

Истата сезона Порто играл и во финалето на Супер Купот на УЕФА каде што загубил 2:1 од Валенсија.

Фаза Противник Дома Гости
Групна фаза   Партизан 2–1 1–1
Групна фаза   Реал Мадрид 1–3 1–1
Групна фаза   Олимпик Марсеј 1–0 3–2
Осминафинале   Манчестер Јунајтед 2–1 1–1
Четвртфинале   ФК Лион 2–0 2–2
Полуфинале   Депортиво Ла Коруња 0–0 1–0
Финале   Монако 3–0

Втор триумф на Интерконтиненталниот Куп уреди

И покрај заминувањето на Жозе Мурињо во Челзи, Порто успеал да се закити со уште еден трофеј. Во финалето на Интерконтиненталниот Куп кој се одржал на 24 декември 2004 година, Порто го победил колумбискиот Онце Калдаш 8:7 по изведување на пеналите.

2011 Победници на УЕФА Европа Лигата уреди

Во сезоната 2010/11 Порто на чело со тренерот Андре Виљаш-Боаш, ја освоил Уефа Европа Лигата. Ова финале ќе биде запишано во историјата како прво финале помеѓу два португалски тима (помеѓу Порто и ФК Брага). Во финалето Порто славел со резултат 1:0 со голот на колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао. Ова за Порто претставувало втора победа во Уефа Европа Лигата откако првата победа ја отсварил во сезоната 2003/04.

Оваа сезона била доста успешна за Порто бидејќи клубот ги освоил и Португалската Премиера и Португалскиот куп.

Фаза Противник Дома Гости
Плеј Оф рунда   ФК Генк 4–2 3–0
Групна Фаза   Рапид Виена 3–0 3–1
Групна Фаза   ЦСКА Софија 3–1 1–0
Групна Фаза   Бешикташ 1–1 3–1
Шеснаесетфинале   Севиља 0–1 2–1
Осминафинале   ЦСКА Москва 2–1 1–0
Четвртфинале   Спартак Москва 5–1 5–2
Полуфинале   Виљареал 5–1 2–3
Финале   Брага 1–0

Во финалето на Супер Купот на УЕФА Порто загубил 2:0 од Барселона.

Статистика уреди

  • Настапи во Португалската Премиера: 77
    • Одиграни натпревари: 2138
    • Победи: 1402
    • Нерешени: 390
    • Загубени: 346
    • Постигнати голови: 4756 (просечно 2.22 по натпревар)
    • Примени голови: 1969 (просечно 0.92 по натпревар)
    • Најдобра позиција: Шампион (25 пати)
    • Најлоша позиција: 9то (1969–70)
    • Сезона со најмногу бодови: 67 во 1990–91 (2 бода за победа) и 86 во 2002–03 (3 бода за победа)
  • Играч со најмногу одиграни натпревари:   Жоао Домингос Пинто со 407
  • Играч со најмногу постигнати голови:   Фернандо Гомеш со 318 само во Примеира
  • Менаџер со најмногу натпревари:   Хосе Марија Педрото со 236
  • Вкупно трофеи: 7 Меѓународни трофеи, 63 Национални трофеи и 101 Регионален Трофеј

Трофеи уреди

Национални трофеи уреди

  • Португалска Премиера: 30
  • 1934/35, 1938/39, 1939/40, 1955/56, 1958/59, 1977/78, 1978/79, 1984/85, 1985/86, 1987/88, 1989/90, 1991/92, 1992/93, 1994/95, 1995/96, 1996/97, 1997/98, 1998/99 ,2002/03, 2003/04, 2005/06, 2006/07, 2007/08, 2008/09, 2010/11, 2011-12, 2012–13, 2017–18, 2019–20, 2021–22
  • Португалски Куп: 19
    • 1955–56, 1957–58, 1967–68, 1976–77, 1983–84, 1987–88, 1990–91, 1993–94, 1997–98, 1999–2000, 2000–01, 2002–03, 2005–06, 2008–09, 2009–10, 2010–11, 2019–20, 2021−22, 2022-23
  • Португалски Супер Куп: 22
    • 1981, 1983, 1984, 1986, 1990, 1991, 1993, 1994, 1996, 1998, 1999, 2001, 2003, 2004, 2006, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2018, 2020

Меѓународни трофеи уреди

Стадион уреди

Порто своите домашни натпревари ги игра на стадионот Драгао во Порто. Стадиoнот е изграден во 2003 како замена за стариот стадион на Порто, како и за место на одржување на ЕУРО 2004. Стадионот е со капацитет од 50,399 седишта и свечено бил отворен на 16 ноември 2003 година.

Изградбата на стадионот започнала кон крајот на 2001 година а завршен е во ноември 2003 година. Стадинот го дизајнирал португалскиот архитект Мануел Салгадо, а изградбата чинела 97,755,318 евра, од кои 18.430.956 евра биле дадени од јавни извори. За да би се осигурале трошоците за изградба, секоја од трибините носи име на спонзор: "Електрани на Португалија" (јужна трибина), "TMN" и "SAPO" (источна трибина), "Португалија Телеком" и "MEO" (западна трибина) и "Кока-Кола" (северна трибина). Гостинските навивачи се сместуваат во левиот агол на северната трибина, додека пак навивачките групи на Порто (SuperDragões и Colectivo Ultras 95) имаат своја трибина, иако првично двете групи се наоѓале на јужната трибина.

Порто Б уреди

Порто Б е вториот тим на Порто. Тие се натпреваруваат Лига Про, втората лига по ранг во Португалија.

ФК Порто како компанија уреди

Откако станал компанија во 1998 година, ФК Порто организирал неколку компании сателити на главната компанија, поради подобрување на работата на клубот.

  • FCPorto – младинска екипа, ракомет, хокеј, атлетика, магазини, итн.
  • FCPorto – Futebol SAD и FCPorto – Basquetebol SAD (професионален фудбалски и кошаркарски клуб)
  • PortoEstádio (Стадионот Драгао)
  • PortoMultimédia (службена страница и мултимедијални производи)
  • PortoComercial (трговија)
  • PortoSeguro (осигурување)

Наводи уреди

  1. http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/StatDoc/competitions/UCL/01/67/63/79/1676379_DOWNLOAD.pdf
  2. Rab MacWilliam; Tom Macdonald (2001). The World Encyclopedia of Soccer: A Complete Guide to the Beautiful Game. Lorenz Books. ISBN 978-0-7548-0828-2.
  3. Keir Radnedge (2001). The illustrated encyclopedia of soccer. Universe Pub. ISBN 978-0-7893-0670-8.
  4. Gustavo Poli; Lédio Carmona (2006). Almanaque do futebol. ISBN 978-85-7734-002-6.[мртва врска]
  5. CELSO UNZELTE. LIVRO DE OURO DO FUTEBOL. Sinergia. ISBN 978-85-62540-39-4.
  6. „Историја на Лигата на Шампионите“. Union of European Football Associations (УЕФА).
  7. „Историја на Европа лигата“. Union of European Football Associations (УЕФА).
  8. „Историја на Супер Купот“. Union of European Football Associations (УЕФА).

Надворешни врски уреди

Официјални