ФК Пелистер

македонски фудбалски клуб

ФК Пелистерфудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во Втора македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадион Тумбе кафе.

ФК Пелистер
Амблемот на ФК Пелистер
Целосно име ФК Пелистер Битола
Основан 1945; пред 79 години (1945)
Распаднат
Стадион Стадион Петар Милошевски
Капацитет 8,000
Претседател Митко Стојковски
Тренер Бобан Бабунски
Лига 2. македонска лига
2022/23 Втора македонска лига, 4.
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја уреди

ФК Пелистер е формиран во 1924 година, најпрво под името „Омладина“, кое подоцна било сменето во „Пелистер“, а подоцна во „СК Битола“. Клубот повторно се појавил под старото име „Пелистер“ по ослободувањето во 1945 година, а веќе во 1946 година станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година, клубот се споил со "ФК Работник", но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време биле: Ѓеоргиевски, Димитровски, Мицевски, Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски.

Пелистер за првпат во својата историја влегол во втората југословенска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил во лигата во 1982 година, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ. Пред распаѓањето на СФР Југославија, Пелистер настапувал и во Првата сојузна лига.

Натпревари во фудбалското првенство на Македонија уреди

По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуирано се натпреваруваше во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003, кога клубот испаѓа од највисокото натпреварување во Македонија.

Пелистер нема освоено шампионска титула во првенството на Македонија, но двапати е освојувач на Купот на Македонија во 2001 и во 2017 година.

Сезона 2014-2015 уреди

Летото 2014 година, ФК Пелистер, кој бил во целосна сопственост на Општина Битола, добил нов спонзор - претпријатието Цермат". Истовремено, клубот добил нов претседател (Димче Шеровски), а за нов тренер бил назначен поранешниот тренер на клубот, Марјан Секуловски.[1]

Пелистер во Европа уреди

Резултати уреди

Сезона Натпреварување Коло Клуб Дома Гости Вкупен резултат
2000 Интертото куп   Хобшаид 3–1 1–0 4–1  
  Вестра Фрелунда 3–1 0–0 3–1  
  Селта Виго 1–2 0–3 1–5  
2001–02 Куп на УЕФА   Санкт Гален 0–2 3–2 3–4  
2008–09 Куп на УЕФА 1K   АПОЕЛ 0–0 0–1 0–1  
2017–18 Лига Европа   Лех Познањ 0–3 0–4 0–7  

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Од сезона 2022/23


Бр. Позиција Играч
3   Томе Китановски
8   Наумче Бакрачески
10   НП Борче Маневски
11   ОД Христијан Гроздановски
12   ГМ Андреј Јовчевски
14   СР Марио Наумоски
15   НП Никола Наумоски
16   НП Бобан Здравевски
22   СР Бојан Спиркоски
Бр. Позиција Играч
25   ОД Христијан Драгарски
26   СР Бурхан Мустафов
29   НП Ерен Парталко
1   ГМ Илче Петровски
13   ОД Стефан Ивановски
4   ОД Mihail Milevski
26   ОД Бојан Стефановски
23   СР Петар Љамчевски
28   НП Христијан Торнески


Стручен штаб :Бобан Бабунски шеф на стручен штаб, Горан Ганчев,Саше Велјановски и Горан Пашовски

Титули уреди

  Македонска републичка лига:

  • Победник (7): 1949–50, 1950–51, 1956–57, 1959–60, 1960–61, 1974–75, 1981–82

  Втора македонска лига:

  Македонски републички куп:

  • Победник (4): 1959, 1962, 1985, 1991

  Куп на Македонија:

Навивачка поддршка уреди

Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари“.

Наводи уреди

  1. "Секуловски пак на клупата кај Пелистер", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр, 25.

Надворешни врски уреди