ФК Мајнц 05

германски фудбалски клуб

ФК Мајнц 05 или само Мајнц 05 е германски фудбалски клуб од градот Мајнц, Рајнската област-Пфалц, формиран во 1905 година. Во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал. Покрај фудбалскиот клуб, Мајнц 05 има и ракометен и пингпонгарски клуб.

Мајнц 05
Целосно име1. Фусбал унд Шпортферајн Мајнц 05 е.В.
ПрекарDie Nullfünfer (Петките),
Karnevalsverein (Карневалски клуб)
Основан16 март 1905; пред 119 години (1905-03-16)[1]
СтадионОпел Арена
Капацитет34,034
ПетседателХаралд Штрутц
МенаџерРувен Шредер
ТренерСандро Шварц
ЛигаБундеслига Бундеслига
2021/228-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Едно од најголемите достигнувања на клубот е пласманот во Првата Бундеслига во 2004 година. Меѓутоа, по историската промоција таму се задржале само неколку сезони до 2007 година по што испаднале во Втората Бундеслига, но во 2009 година повторно се вратиле во највисокото ниво и оттогаш до денес се постојан член во Првата лига на Германија. Меѓу другите успеси на клубот спаѓаат полуфиналето на Купот на Германија во сезоната 2008-2009 и освојувањето на шестото место во Бундеслигата на крајот од сезоната 2015-2016, а со тоа и учество во квалификациите за групната фаза на Лига Европа.

Од сезоната 2011-2012 својте домашни натпревари клубот ги игра на Опел Арена, неодамна отворениот стадион кој својата инагурација ја имал на 3 јули 2011. Стадионот е со капацитет од 34 000 седечки места. Традиционлните бои на клубот се црвената и белата, а најчесто играат во црвени дресови и бели шорцеви.

Историја уреди

1905-1919: Рани години уреди

Најраниот претходник на денешниот фудбалски клуб Мајнц 05 е основан во март 1905 г. во градското кафуле "Кафе Нојф". Точната дата не е со сигурност утврдена до денес иако во некои документи се посочува 16 март, но според современите истражувања и анализи за автентична се смета датата 27 март, кога се празнува и клупскиот јубилеи. Во летото на истата година сè уште безимениот клуб го одиграл својот прв натпревар — против Германија Густафбург клуб основан во 1905 година - и победува со 5-3. Един век подоцна се состои и свеченото преигрување меѓу истите противници, и завршило со уште поубедлив резултат од 14-0 во корист на "црвено-белите" од Мајнц. Малку потоа клубот формиран во Мајнц го добива своето име 1. Мајнцер Фусбалклуб "Хасија" 05. Под тоа име клубот ги одиграл и првите натпревари: на 13 август тој губи од тимот од висбаденското предградие Бибрих со 1-2[2], а две седмици подоцна го регистрира и вториот пораз од сограѓаните Мајнцер Фусбал-Клуб 1904. Основаниот клуб во 1904 година клуб е најстариот клуб на Мајнц и вториот најстар тим во регионот Рајнхесен. Денес тој настапува под името Момбах 03.

За прв раководител на тимот на "вонредното собрание" во октомври 1905 година бил избран 15-годишниот Ојген Залмон, којшто помага за приклучувањето на клуба кон Јужногерманскиот фудбалски сојуз на 24 јуни 1906 година. Пред тоа "црвено-белите" можеле да играат само неофицијални натпревари против обединети формации. На 7 октомври 1906 клубот од Мајнц го одиграл својот прв официјален натпревар. Во групата "Б" на својот фудбалски сојуз "Хасија" немала ниту еден пораз во првата полусезона, но во вториот дел од првенството се спушта дури до средината на табелата.

Во првите години на организиран спорт фудбалот се играл само во пролетта и есента, а летото било резервирано за атлетиката.

Важен натпревар за овој период на клубот бил двобојот против петкратниот шампион на Западот Пфалц 03 Лудвихсхафен на 25 декември 1909 година. Во меѓувреме екипата веќе не настапувала на теренот Гаутор, туку на мајнчкиот колодрум Фихтеплац. Така за првпат во градот Мајнц гостувал познат противник. И покрај тоа што повеле рано во натпреварот, фудбалерите на "Хасија" загубиле на крајот со 2-5. Сепак натпреварот му помага на клубот да добие релативна важност во регионот.

Првата четирицифрена посетеност на некои од своите натпревари "Хасија" одбележува на Велигден во 1910 година, кога околу 1,200 гледачи ја набљудувале победата со 6-2 над воениот клуб Ес Ем Ес Гнајзенау. Меѓутоа, клубот не добил ништо повеќе од спортската победа бидејќи сите приходи од влезниците останале за домаќинот на игралиштето.

Подоцна во текот на истата година Мајнц 05 добил терен од германските Рајхсжелезници, кое се наоѓало на улицата Хатенбергштрасе и разполагало со трибина и соблекувални. Дебито на новиот објект за Мајнц не било среќно бидејќи биле катастрофално поразени од Штутгарт Кикерс со 1-5.

Од 1907 година Мајнц има локален соперник - Мајнцер Фусбалклуб Херманија 1907. Тој бил составен од играчи на постоечкиот сè до денес клуб Мајнцер Турнферајн 1817. На 16 август 1912 година клубовите "Хасија" и "Херманија" решиле да се обединат на средба, спроведена одново во "Кафе Нојф". Името на новото друштво е 1. ФК Хасија-Херманија 05, којшто малку подоцна го менува името во 1. Фусбалферајн Мајнц 05. Спортското обединение за први пат добива официјално признание кога е вклучено како член во регионалниот фудбалски сојуз. Пред 1912 година тимот играл во нерегламентирани услови и при хаотична програма.

Последниот натпревар на тимот пред Првата светска војна е добиен на Велигденската недела во 1915 против Ес Ем Ес Мајнц со 3-1. По завршувањетп на војната една шестина од членовите на клубот не се враќаат дома. Уште на вториот ден од војната фудбалерот на Мајнц 05 Јан Хауст загинал. Кон крајот на конфликтот Мајнц 05 образува военновременен клуб со сограѓаните од Шпортферајн 08 Мајнц. Обединението не се разделило по крајот на војната, и продолжува да постои под името 1. Мајнцер Фусбал унд Шпортферајн 05.

Стадион уреди

Клубот во моментов својте домашни натпревари ги игра на Опел Арена, нов стадион кој бил отворен во 2011 година, и е со капацитет од 34.034 гледачи. Првиот настан кој се одржал овде во новата арена бил ЛигаТотал купот во 2011, кој се одржал од 19 јули до 20 јули 2011 година, и на кој другите учесници биле Бајерн Минхен, Борусија Дортмунд и Хамбургер.

Мајнц 05 претходно настапувал на Брушвегштадион (Bruchwegstadion), стадион кој бил изграден во 1928 година, и реновиран и изменет неколкупати во текот на годините за да се одржи капацитетот од над 20.300 гледачи. Во просек Мајнц имал постеност од околу 15.000, додека се натпреварувал во 2.Бундеслига, меѓутоа со тешко издвојуваниот неодамнешен успех тимот забележал редовно пополнување на речиси сите места на нивниот стадион. Просечната посетеност на натпреварите на Мајнц од домашната лига во текот на сезоната 2015-2016 била 30.324 гледачи.[3]

Панорама на Опел Арена

Бои и симболи уреди

Традиционалните бои на клубот се црвената и белата ( ). Најчесто клубот настапува во комбинација од овие две бои односно црвени дресови и бели шорцеви или обратно.

Мајнц е познат по тоа што еден од трите водечки карневалски градови во Германија, а другите се Диселдорф и Келн. После секој постигнат гол на Мајнц на домашен терен, се слуша Narrhallamarsch, позната германска мелодија од карневалот.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Обновено на 29 јануари 2017 [4]
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Јонас Лесл
2   ОД Џулио Донати
3   ОД Леон Балогун
6   СР Дани Латца
7   СР Робин Кваизон
8   СР Левин Езтунали
9   НП Јошинори Муто
10   НП Бојан Кркиќ
11   НП Емил Бергрен
15   НП Џон Кордоба
16   ОД Штефан Бел
17   СР Хаиро Самперио
18   ОД Даниел Бросински
19   ОД Марин Шверко
20   СР Фабијан Фрај
Бр. Позиција Играч
21   НП Карим Онисиво
22   ОД Андре Рамалјо
24   ОД Гаетан Бусман
25   СР Жан Филип Гбамен
26   ОД Нико Бунгерт  
29   СР Деванте Паркер
30   СР Бесар Халими
32   НП Пабло де Бласис
33   ГМ Јаник Хут
38   СР Герит Холтман
42   ОД Александер Хек
45   СР Суат Сердар
46   ГМ Флоријан Милер
47   СР Филип Клемент

Рекордери уреди

Статистиката е ажурирана на 19 март 2017

Играчи со најмногу одиграни натпревари за Мајнц 05
Место Име на играчот Натпревари
1   Димо Вахе
406
2   Николче Новески
348
3   Јирген Клоп
340
4   Петер Нојштадтер
256
5   Кристијан Хок
248
6   Јирген Крамни
230
7   Стефан Кунерт
217
8   Михаел Милер
216
9   Нико Бунгерт
207
10   Елкин Сото
206

Играчи со најмногу постигнати голови за Мајнц 05
Место Име на играчот Голови
1   Михаел Турк
64
2   Свен Демандт
57
3   Јирген Клоп
56
4   Бенјамин Ауер
34
5   Абдерахим Уакили
33
6   Јунус Мали
32
7   Јирген Крамни
30
  Томас Зимер
30
  Андреј Воронин
30
  Мохамед Зидан
30

Статистика уреди

Настапи во европските натпреварувања уреди

Сезона Натпреварување Фаза Клуб Дома Гости Вкупен резултат
2005–2006 Куп на УЕФА 1. коло квал.   Мика Аштарак 4–0 0–0 4–0
2. коло квал.   Кеплавик 2–0 2–0 4–0
1. коло   Севиља 0–2 0–0 0–2
2011–2012 Лига Европа 3. коло квал.   Газ Метан Медијаш 1–1 1–1 2–2[б 1]
2014–2015 Лига Европа 3. коло квал.   Астерас Триполи 1–0 1–3 2–3
2016–17 Лига Европа Група Ц   Андерлехт 1–1 1–6 3-ти
  Сент-Етјен 1–1 0–0
  Габала 2–0 3–2
  1. Газ Метан Медијаш поминал понатаму во плејоф рундата по победата по изведувањето на пенали со 4–3.

Наводи уреди

  1. „Chronik – Der Anfang“ (германски). Mainz 05. Архивирано од изворникот на 2013-01-24. Посетено на 12 February 2013.
  2. Mainzer Anzeiger vom 18. August 1905
  3. „1. Bundesliga Zuschauer 2015/16“. Kicker Online (германски). Nuremberg: Olympia-Verlag GmbH. n.d. Посетено на 15 May 2016.
  4. http://www.mainz05.de/mainz05/profis/team/spieler.html

Надворешни врски уреди