ФК Краснодар е фудбалски клуб од градот Краснодар, Русија, кој се натпреварува во Руската Премиер лига. Клубот бил основан во 2008 година. Во 2009 година, клубот бил промовиран во првата лига на Русија, второто по ред натпреварување во рускиот лигашки систем, и покрај тоа што во втората лига - југ завршил на третото место на табелата. На крајот на следната сезона, ФК Краснодар бил промовиран во Руската Премиер лига и покрај тоа што завршил петти во првата лига.[1]

ФК Краснодар
Целосно имеФудбалски Клуб Краснодар
ПрекариБикови, Црно-зелени
Основан22 февруари 2008
СтадионСтадион Краснодар, Краснодар, Русија
(Капацитет: 34,291)
СопствевникСергеј Галицкиј
ПретседателСергеј Галицкиј
МенаџерИгор Шалимов
ЛигаПремиер лига на Русија
2018–193-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

Во мај 2013 година, ФК Краснодар ја започнал изградбата на стадионот Краснодар,[2] кој официјално бил отворен на 9 октомври 2016 година. Стадионот е со капацитет од 36.260 седишта. Пред да биде изграден стадионот, клубот своите натпревари на домашен терен ги играл на стадионот Кубањ.

Наводи уреди

  1. „The Krasnodar Derby“. Soccer Football. Архивирано од изворникот на 2012-03-26. Посетено на 2011-06-19.
  2. „Сергей Галицкий: «По последним данным вместительность стадиона «Краснодара» будет 36260 мест»“. Посетено на 2014-09-15. (руски)

Надворешни врски уреди